Споменици и спомен обележја

Споменици и спомен обележја

Споменици, спомен плочи, спомен чешми и спомен бисти на територијата на општина кавадарци

Споменици, спомен плочи, спомен чешми и спомен бисти

Илинденска споменица 1903 г.

Споменици и спомен обележја од Илинденскиот и поилинденскиот период

  • Споменик на Гоце Делчев, поставен во дворот на ООУ “Гоце Делчев“
  • Спомен биста на Гоце Делчев,поставена во училиштето училиштето во село Марена.
  • Споменик-саркофаг на Пере Тошев, поставен во Дреновската клисура.
  • Спомен плоча на Пере Тошев, поставена во црквата во село Фариш, каде што бил погребан по неговото убиство на 04.05.1912 год.
  • Спомен плоча за престојот на Гоце Делчев во Кавадарци, 1901 год. поставена на куќата на Добри Даскалов во Кавадарци.
  • Спомен плоча за Добри Даскалов, поставена на куќата на Диме Јосифив-Бурето во Кавадарци.
  • Спомен плоча за борбата на четата на Добри Даскалов во селото Ресава, поставена на куќата на семејството Ласкови.
  • Спомен плоча во месноста “Дреновица“, за борбата на четата на војводата Петар Јуруков против турскиот аскер.
  • Спомен плоча на членовите на првиот комитет на ТМОРО.
  • Споменик  на жртвите од Тиквешкото востание во 1913 год.

Споменици и спомен обележја од НОВ 1941-1945 год.

Спомен костурница
  • Споменик на револуцијата и слободата подигнат на градскиот плоштад во Кавадарци. Автор на споменикот е академскиот вајар Пјетро Палавичини.
  • Спомен костурница на загинатите борци од НОВ 1941-1945 год. Автор на споменикот е проф. Петар Муличковски. Откриен е на 04.07.1976 год.
  • Споменик-костурница на 12-те стрелани ваташки младинци во месноста Моклиште кај с.Ваташа. Автор академскиот вајар Јордан Грабуловски.
  • Споменик на народните херои Ќиро Крстев и Димче Мирчев поставен во градскиот парк во Кавадарци. Автор акад. вајар Томе Андревски.
  • Споменик на загинатите борци во Дреновската клисура. Автори на споменикот се Јован Јосифов-Ромбо и арх. Данчо Јосифовски.
  • Споменик на стреланите партизани и родољуби, подигнат на патот кај селото Фариш.
  • Споменик на н.х. Страшо Пинџур подигнат во дворот на ДИК “Страшо Пинџур“ во Кавадарци.
  • Споменик на загинатите борци во борбата кај Овчка Река, подигнат на Тумбата од левата страна на реката во месноста “Мечкин дол“.
  • Споменик за формирањето на Првата македонска дивизија подигнат во село Шешково.
  • Споменик за загинувањето на првата жртва на одредот “Добри Даскалов“ и престојот на велешките партизани на овој терен, подигнат во село Ресава.

Споменици и спомен обележја од НОВ - 1

  • Споменик на Тоде Хаџи Тефов, подигнат во дворот на училиштето што го носи неговото име во Кавадарци.
  • Споменик на загинатите борци од село Бегниште, подигнат во дворот на училиштето “Дешка Тошева“ во с.Бегниште.
  • Споменик на загинатите борци од село Сопот, поставен во селото.
  • Споменик на загинатите борци од село Марена, подигнат во селото,а откриен на 13.06.1992 година.
  • Споменик на загинати борци од с.Горно Бошава.
  • Споменик на загинати борци од с.Бохула и Чемерско.
  • Споменик на загинати борци од с.Конопиште.
  • Споменик на загинати борци кај с.Бојанчиште.
  • Споменик на загинати борци кај с.Рожден.
  • Споменик на загинати борци кај с.Страгово.
  • Споменик на загинати борци кај с.Радња.
  • Споменик на загинати борци Димката Габер, Пано Мударов, Ило Виларов и Стојан Крстев, кај Клинска Леса - Тиквешко езеро.
  • Споменик за депортирањето на населението од Бошавијата, се наоѓа на север од селото на раскрсницата на патот за с.Чемерско.
  • Споменик на Данчо Поп Атанасов близу с.Горниково.
  • Споменик на Иван Сливков во с.Паликура.

Спомен соби и музеи

Спомен куќа на Страшо Пинџур

Спомен соби и музеи

  • Меморијален музеј на Народниот херој Страшо Пинџур во неговата куќа во село Ваташа.
  • Спомен соба на Првата македонска дивизија и партизанската болница во село Шешково.
  • Спомен соба на Васил Хаџиманов се наоѓа во рамките на новиот музеј Куќата на мирисот и вкус.

Спомен бисти

Спомен Бисти

  • Спомен биста на Диме Поп Атанасов, поставена во паркот “Поланата“.
  • Биста на Народниот херој Страшо Пинџур, поставена во дворот на неговата куќа во селото Ваташа.
  • Биста на Народниот херој Страшо Пинџур поставена во Градскиот парк во Кавадарци-сега пред ОУ “Страшо Пинџур“
  • Биста на првоборецот Димката Ангелов Габерот, поставена во дворот на основното училиште во Ваташа кое го носи неговото име.
  • Биста на Димката Ангелов Габерот, поставена во паркот спроти МВР во Кавадарци.
  • Биста на народниот херој Ќиро Крстев,поставен во Градскиот парк во Кавадарци.-Ја нема.
  • Биста на Народниот херој Блажо Тодоров-Чичето, поставена во Градскиот парк во Кавадарци. - Ја нема.
  • Биста на Тодор Велков-Пепето, поставена во паркот спроти зградата на МВР во Кавадарци.
  • Биста на Пано Мударов-Фрањо, поставена на истоимената улица, северно од црквата “Св.Димитрија“ во Кавадарци.
  • Биста на Благој Крстиќ-Јошка, поставена на улицата Страшо Пинџур спроти новата аптека во Кавадарци.
  • Биста на Лазо Стојанов-Чемерски, поставена пред ООУ “Страшо Пинџур“ во Кавадарци-сега во градскиот парк.
  • Биста на Мара Димова-Анка, поставена во дворот на Монополот за преработка на тутун.
  • Биста на Дешка Тошева, поставена во дворот на ОУ во селото Бегниште кое го носи нејзиното име.
  • Биста на Стефан Хаџи Тефов-Феткин, поставена во Градскиот парк во Кавадарци.
  • Биста на Данчо Поп Атанасов, поставена во Градскиот парк во Кавадарци.
  • Биста на Лазо Мицев-Рале, поставена во Градскиот парк во Кавадарци. - Ја нема.
  • Биста на Ќиро Спанџов-Брко, поставена во Градскиот парк во Кавадарци.
  • Спомен биста на Диме Туриманџов-Горски во паркот кај МВР.
  • Спомен биста на Никола Минчев во паркот кај МВР.
  • Спомен биста на Блаже Џунов во ОУ во Ваташа.
  • Спомен биста на Димката Габерот во ОУ во Кавадарци.
  • Спомен биста на Доно Попов во дворот на ОУ во Бохула.
  • Спомен биста на Ќиро Арсов во аулата на поштата.
  • Спомен биста на Лазо Филиповски-Лавски во с.Сирково.
  • Спомен биста на Димката Габерот во с. Сопот
  • Спомен биста на Ќиро Спанџов-Брко, во индустриското училиште.
  • Спомен биста на Цандо Здравев-Петко, во с. Возарци.

Спомен плочи

Спмен плочи

  • Спомен плоча на паднатите борци во с.Сирково.
  • Спомен плоча на паднатите борци во с.Сопот.
  • Спомен плоча на 9 Бригада во месноста Гарниковски Круши.
  • Спомен плоча за формирањето на партизанскиот одред “Добри Даскалов“, поставена во местото на формирањето во месноста “Миџвездово“ на планината Вишешница.
  • Спомен плоча на загинатите борци ученици во гимназијата. Поставена е во холот на ООУ “Страшо Пинџур“ во Кавадарци.
  • Спомен плоча за формирањето на Првиот НОО, поставена во куќата на Ѓошо Мицајков во Кавадарци-кај  “Златно буренце“.
  • Спомен плоча за загинувањето на Тоде Хаџи Тефов, поставена во месноста ,,Калница,, источно од Кавадарци.
  • Спомен плоча за стреланите родољуби од село Шивец, поставена во селските гробишта во село Шивец.
  • Спомен плоча за одржаниот состанок на комунисти и скоевци во месноста “Раштани“. Плочата е поставена на чешмата во Раштани-Овчка река.
  • Спомен плоча на загинатите борци од село Ресава, поставена во селските гробишта во селото Ресава.
  • Спомен плоча на загинатите борци од село Ресава, поставена до споменикот сред селото.
  • Спомен плоча на партизанската болница во с. Бохула.
  • Спомен плоча над вратата на кафаната 12 другари од Ваташа.
  • Спомен плоча на загинатите во с.Крњево.
  • Спомен плоча за престој на членовите на 3 О.К. на КПМ во с.Куманичево.
  • Спомен плоча на Партизанскиот магацин, поставена на запад во црквата во с. Куманичево.
  • Спомен плоча на загинатите од с. Куманичево на север од селотот.
  • Спомен плоча на загинатиот борец Коле Ѓорѓиев во с.Долно Бошава под селото.
  • Спомен плоча на паднатите борци во с. Трстеник.
  • Спомен плоча во месноста Калница каде што е убиен Тоде Хаџи Тефов.

Спомен чешми

Парк на народните херои

Спомен чешми

  • Спомен чешма подигната (изградена) во месноста ,,Миџвездево,,каде што на 14.05.1943 година е формиран партизанскиот одред “Добри Даскалов“.
  • Спомен чешма изградена на местото каде е формирана Првата македонска дивизија на тумбата пред село Шешково.
  • Спомен чешма на патот во Дреновската клисура изградена во чест на борбите на партизанските единици против окупаторот.
  • Спомен чешма во селото Ресава, изградена во чест на првата борба на партизанскиот одред “Добри Даскалов“.
  • Спомен чешма во селото Шешково, изградена до Дивизииската болница.
  • Спомен чешма изградена во близина на селото Гарниково во чест на загинувањето на Данчо Поп Атанасов.
  • Спомен чешма во с. Бојанчишта одред “Добри Даскалов“.
  • Спомен чешма на Диме Поп-Атанасов во месноста Белград.

Спомен патишта

Спомен патишта

  • Спомен пат од месноста Моклиште до Мушов Гроб, во чест на Втората македонска народно ослободителна бригада.