Гроздобер - прв организационен одбор

Тиквешки Гроздобер - Карневал

Првиот организационен одбор за одржување на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ броел 60 членови, кои биле задолжени за изготвување на сценариото на самата манифестација, за естетско уредување на градот, кореографија, костимографија при што биле вклучени ликовните уметници: Јован Јосифовски-Ромбо, Ружица Јосифовска, Никола Баснарков, Петар Наневски, Агна Дренковска и др. Голема заслуга во одржувањето на тиквешките гроздобери даваат основните и средните училишта во Кавадарци.

 

На „Тиквешкиот гроздобер“ учествуваат многу познати и признати уметници во тогашна Југославија како: Петре Прличко, Љупка Димитровска, Зафир Хаџиманов, Сенка Велетанлиќ, Мија Алексиќ, Миодраг Петровиќ-Чкаља, Лола Новаковиќ, Предраг Гојковиќ-Цуне, Тереза Кесовија, Ѓорѓе Марјановиќ и др.