Гроздобер - општо

Историја на Тиквешкиот гроздобер

Производството на грозје и вино во овој крај има длабоки корени. Античките Македонци и старите Римјани виновата лоза ја одгледувале
со голема љубов и умешност, за што сведочат бројните археолошки артефакти (стели, рељефи, барељефи, мозаици и т.н.), пронајдени во овој крај.

Виното било пијалок на сите сталежи и на богатите и на сиромасите, служело како платежно средство а со него можел да се плати и данокот на државата. Лозарството продолжило да се развива и во средниот век, а главни негови центри биле црковните и манастирските имоти, каде се приготвувало најубавото вино.

Со доаѓањето на Турците Османлии и нивните освојувања во овој дел од Македонија во извесна мерка стагнира лозарството, бидејќи со Куранот била забранета употребата на алкохолни пијалоци. Денес Кавадарци со право може да се пофали дека е најголем производител на грозје и вино во Македонија и еден од најголемите на Балканот.