Градоначалник - Биографија текст

Митко Јанчев е член на управниот одбор на Стопанската комора на Република Македонија, како и Претседател на Регионалната Стопанска комора- Кавадарци.

Јанчев е познат по својата хуманост и борба за општествена одговорност, а тоа го потврдуваат големиот број на активности и донации во сите сфери на општеството. Поддржувач е на голем број спортски настани и спортски клубови, како во Кавадарци, така и низ целата држава. Дава особени придонеси низ спортот во град Кавадрци преку 10 годишната финансиска поддршка на КК Фени Индустри, Џудо клубот Кожувчанка, низата фудбалски клубови во Кавадарци, ГРК Тиквеш и многу други.

Дава поддршка и на многу културни и уметнички настани,помагајќи на најразличен начин. Преку различни донации придонесува и во развојот на медицината во нашата држава, особено во град Кавадрци со повеќе донации како реконструкција на прозорци и апарат за ЕКГ во Здравствен дом Кавадарци и амбулантно возило Мерцедес за општата болница во град Кавадарци.

Митко Јанчев е особено горд на укажаната чест и привилегијата Претседател на иницијативниот одбор за изградба на соборната црква „Света Петка” во Кавадарци каде исто се појавува и како еден од поголемите донатори на светиот храм. Има донирано и во образованиетоо Еден од поголемите проекти е донација за реконструкција на ОУ „Димката Ангелов-Габерот“ во Кавадарци, како  и Интелигентна табла во Гимназијата „Добри Даскалов“.

Еден од проектите кој јасно потврдува дека е поборник за подобро општество е и основањето на противпожарната служба која има за основна цел да помага при незгоди.

Во 2017 година е избран за кандидат за Градоначалник на Општина Кавадарци од ВМРО – ДПМНЕ. Победува во вториот круг од изборите. Неговата најголема амбиција е Кавадарци да стане убаво место за живеење со изграден систем на работа кој ќе трае во иднина. Оваа негова амбиција ја прифатија и граѓаните и доби огромна поддршка.

За овие избори Јанчев кажа:

„Ја водев најтешката битка во мојот живот.“

Неговите ветувања се дека заедно со граѓаните ќе успее Кавадарци да биде на прво место.