Одржан тренинг на тема - Дефинирање на индикатори за мониторинг на квалитетот на воздухот

06.02.2024

Во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ кој го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Република Северна Македонија во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица, со финансиска поддршка од Шведска, денес во просториите на Општина Кавадарци се одржа тренинг на тема Дефинирање на индикатори за мониторинг на квалитетот на воздухот.

Тренингот ќе го спроведуваат Магдалена Трајковска Трпевска, директор на компанијата ТЕХНОЛАБ Скопје и Емил Ангелов, а ќе им овозможи на учесниците да се запознаат зошто е потребно во планските документи да се дефинираат правилни индикатори, како да се дефинира соодветен SMART индикатор за секоја мерки (специфичен, мерлив, остварлив, релевантен и временски ограничен) и начин на следење на степенот на имплементација на мерките од плановите преку избраните индикатори.

Галерија