Споменици и спомен обележја од Илинденскиот и поилинденскиот период
- Споменик на Гоце Делчев, поставен во дворот на ООУ “Гоце Делчев“
- Спомен биста на Гоце Делчев,поставена во училиштето училиштето во село Марена.
- Споменик-саркофаг на Пере Тошев, поставен во Дреновската клисура.
- Спомен плоча на Пере Тошев, поставена во црквата во село Фариш, каде што бил погребан по неговото убиство на 04.05.1912 год.
- Спомен плоча за престојот на Гоце Делчев во Кавадарци, 1901 год. поставена на куќата на Добри Даскалов во Кавадарци.
- Спомен плоча за Добри Даскалов, поставена на куќата на Диме Јосифив-Бурето во Кавадарци.
- Спомен плоча за борбата на четата на Добри Даскалов во селото Ресава, поставена на куќата на семејството Ласкови.
- Спомен плоча во месноста “Дреновица“, за борбата на четата на војводата Петар Јуруков против турскиот аскер.
- Спомен плоча на членовите на првиот комитет на ТМОРО.
- Споменик на жртвите од Тиквешкото востание во 1913 год.