Секторот за управување со човечки ресурси врши следење, проучување и ттримена на законските прописи од областа на локалната самоуправа, работните и службеничките односи. Ги извршува следните надлежности:
- подготвување на Предлог -Одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на работите на оnштинската администрација;
- подготвување на Предлог -Правилнк за систематизација на работните места во општинската администрација, како и измени и дополнувања на овие акти;
- унапредување и мобилност на административни службеници и други вработени во институцијата;
- ажурирање на електронска база на податоци за вработените;
- водење на персонални досиеја на сите вработени во општинската администрација;
- водење на евиденција за присуство на работа на вработените, како и прием и обработка на податоците за боледувања, нивна контрола и проследување до Секторт за финансии;
- спроведување на постапка за вработување на административни службеници и вработување на помошно технички лица;
- координирање и подготвување на Планот за користење на годишните одмори;
- подготовка на решенија за хористење на годишен одмор, боледување, неплатено отсуство и други видови отс.-уства на вработените во општинската администрациiа;
- подготвува решенија за престанок на вработување;
- го врши пријавувањето на вработените во социјалното и здравствено осигурување;
- предлагање на мерки за обезбедување на оптимални услови за работа на вработените;
- изработка на анализи и информации за Годишни планови за обука.
Јасминка Ѓорѓиева Тодоров
Сектор за управување со човечки ресурси
Head of Department for Nature Conservation
Work time
Понеделник - Петок 08-16