
Секторот за правни, општествени и општи работи врши следење и проучување на законите и други прописи од значење за локалната самоуправа и изготвување на концепти на прописи и акти од надлежност на локалната самоуправа. Ова се главните активности:
- подготвување нормативни и други општи акти од надлежност за Советот и Градоначалникот
- врши стручни работи за Советот и Градоначалникот
- давање на мислења за усогласеноста на општите акти со законите и со другите прописи
- изготвување на договори
- застапување на Општина Кавадарци во правните работи и споровите пред надлежните судови и други органи во Репиблика Македонија
- организирање на активностите во урбаните и месните заедници
- подготвување на седниците на Советот и седниците на неговите работни тела-комисии и врши стручни и административни работи за Советот
- ракува со документите на Општината и ги чува се до нивното уништување, односно предавање на Државниот архив на Република Македонија
- се грижи за информирање на граѓаните за работата од надлежност на општината
- врши административно-технички работи
- ја оргнизира работата во образованието и детската заштита
- ја следи состојбата во јавните дејности и дава предлози и мислења за унапредување на состојбите во истите.
Ленче Чиркова

Department for Nature Conservation
Head of Department for Nature Conservation
Work time
Понеделник - Петок 08-16