За Кавадарци

Кавадарци панорама

Кавадарци - основни податоци 1

Кавадарци панорама

Според досега откриените археолошки локалитети, Кавадарци било населено уште од времето на неолитот. Исто така овде се откриени и белези од населби во античкиот период и средниот век. Денеска Кавадарци на посетителите им нуди необично и богато доживување. Наследството од средновековниот период претставено преку прекрасните цркви, Марковата кула, пештерските убавини за кои вреди да се планинари.

Доживејте ја Тиквешијата и патувајте низ антиката, низ времето, традицијата, низ центарот на Република Северна Македонија.
Големината на овој народ не е во неговата бројност, туку во добрината и гостопримството.

Кавадарци - основни податоци - мапа

  • Локација:
    Територијата на Општина Кавадарци се простира на подрачјето на средно Повардарие и делот на Црноречието, од браната „Тиквеш“, до сливот во реката Вардар, па се до висорамнината Витачево и зафаќа значителен дел од Тиквешката котлина. [мапа]
  • Население:
    37189 жители
  • Клима:
    Просечна годишна температура 13,5 Cо ;  Жешки и суви лета и снежни зими

за Кавадарци - Легенди и преданија

Кавадарци

Легенди и преданија за Кавадарци

Името на градот Кавадарци за прв пат се споменува во 15 век. Во турскиот пописен дефтер на Ќустендилскиот санџак, ојконимот на градот е регистриран како Село Кавадарци со формата Кавадарче и со втор назив Ваташа.

Во словенските пишани споменици неговото име е документирано дури во 17-18 век. Со формата Кавадарци  името на градот е забележано во кодикот на Трескавечкиот манастир од 17 до 18 век. Во 19 век името на градот е забележано во еден надгробен натпис во црквата “Св. Димитрија” во Кавадарци, а кај птописецот Јохан Хан е запишано во обликот Кавадар.

Повеќе