Во словенските пишани споменици неговото име е документирано дури во 17-18 век. Со формата Кавадарци името на градот е забележано во кодикот на Трескавечкиот манастир од 17 до 18 век. Во 19 век името на градот е забележано во еден надгробен натпис во црквата “Св. Димитрија” во Кавадарци, а кај птописецот Јохан Хан е запишано во обликот Кавадар.
На географска карта од 1900 година е забележано во форма на Кавадар, а на картата од 1916 година, Васил Кнчов името на градот го забележал како Кафадарци, а Бранкоф го бележи како Кафадартзи.
На картата на Јаранов името на градот е регистрирано како Кавадарци, а Јован Цвијиќ ни го преставува како Кавадарце, а Воислав Радовановиќ во својата монографија за Тиквеш и Раец го забележал обликот Кавадарци.