Биографија на Градоначалникот на Општина Кавадарци
Митко Јанчев е роден на 01.11.1981 година. Сопруг на Веселка и татко на три деца: Никола, Стојанче и Мила. Митко Јанчев е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот „Гоце Делчев” Штип, а Магистерските студии на истиот ги завршува во отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија. Во 2022 година докторира на тема Еколошка жешка точка - депонија за индустриски отпад “ХИВ Велес“, минералошки, геохемиски и радиохемиски истражувања и се стекнува со научен назив Доктор на технички науки.
Тој е сопственик на ДПТУ Кожувчанка од Кавадарци, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија. Тој функцијата управител ја превзема на своја 23 годишна возраст, по ненадејната смрт на неговиот татко кој е основач на компанијата Кожувчанка. Јанчев во своето 13 годишно раководење со компанијата има постигнато голем број успеси за развој на компанијата, а тоа го говори фактот дека Кожувчанка ДОО се наоѓа помеѓу 100те најуспешни компании во државата. Исто, под раководство на Јанчев, компанијата го привлекува и соработува со светски познатиот бренд Синалко од Германија. Во 2015 та година компанијата Кожувчанка го лансира и новиот производ НАШЕ МАКЕДОНСКО ПИВО на пазарот.