СООПШТЕНИЕ За спроведување на јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани

13.02.2024

Врз основа на член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање (,,Сл.Весник на РСМ” бр.32/20 и 111/24) и донесената Програма за изработка на урбанистички планови на Општина Кавадарци за 2024 година со Одлука број 08-7480/38 од 21.12.2023 година објавена во Службен Гласник на Општина Кавадарци бр.44/23 донесена од страна на Советот на Општина Кавадарци, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното
                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                               

СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид по

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) Љубаш 5 на КП 4105/2 и КП 4105/3 КО Кавадарци вгр, Општина Кавадарци

Член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) Љубаш 5 на КП 4105/2 и КП 4105/3 КО Кавадарци вгр, Општина Кавадарци, со  тех.бр.01/24 од јануари 2024 изработен од од Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ ДООЕЛ Кавадарци.


Член 2

Просторот кој е предмет на изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 - Површински соларни и фотоволтаични електрани (за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) Љубаш 5 на дел од КП 4105/2 и дел од КП 4105/3, КO Кавадарци вгр, Општина Кавадарци, зафаќа површина од32761м2.

Предметниот проектен опфат зафаќа една катастарска парцела:
- дел од КП 4105/2 и дел од КП 4105/3, КO Кавадарци вгр, Општина Кавадарци;

Предмет на изработка ќе биде оформување на градежнa парцелa согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање, одредување на катноста на градбата, површината за градба, компатибилните намени и сообраќајните пристапи, согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање за ваков тип на објекти.

Пристапот до локацијата за моторни возила ќе се планира преку постоечкиот земјен пристапен пат од јужната страна на проектниот опфат.

Предметната локација за изработка Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13- Површински соларни и фотоволтаични електрани (за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) Љубаш 5 на дел од КП 4105/2 и дел од КП 4105/3, КO Кавадарци вгр, Општина Кавадарци е опфатена во рамките на урбаниот опфат на Просторниот План на Република Македонија, според кој се изработени Услови за планирање за просторот од Агенција за планирање на просторот Y57823 од Декември 2023 и Решение за услови за планирање од Министерство за животна средина и просторно планирање УП1-15 2597/2023 од 15.12.2023 година.

ЈАВЕН УВИД

На Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) Љубаш 5 на КП 4105/2 и КП 4105/3 КО Кавадарци вгр, Општина Кавадарци, со  тех.бр.01/24 од јануари 2024 изработен од од Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ ДООЕЛ Кавадарци ќе трае 15 (петнаесет) дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Кавадарци https://kavadarci.gov.mk  и https://www.e-urbanizam.mk во  период од 14.02.2024 до 28.02.2024 година за кое време може да се достават евентуални забелешки, секој работен ден од 8.00 до 16.00 во просториите на Одделението за Урбанизам при Општина Кавадарци.

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
ГРАДОНАЧАЛНИК
д-р Митко Јанчев