ЈАВЕН ПОВИК 11-1677/1 - За прибирање на барања за поставување на урбана опрема на јавни површини на територијата на Oпштина Kавадарци

01.03.2024

Согласно член 67 став 1 од Законот за локалната самоуправа (”Службен весник на Република Македонија”бр.5/2002), а во врска со член 80, член 80-а од Законот за градење (”Службен весник на Република Македонија” бр.130/2009, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18, 168/18 и ”Службен весник на Република Северна Македонија” бр.244/19, 18/20, 279/20, 227/22 и 111/23, како и Одлуката за изменување и дополнување на одлуката утврдување на висината на комуналните такси во Општина Кавадарци со арх.бр.08-888/10 од 17.02.2021 година, Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува,

 

ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ
НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

 

Се повикуваат сите заинтересирани правни и физички лица во рок од 15 дена сметано од денот на објавувањето на јавниот повик да достават директно преку архива на општината или преку пошта со препорачана поштенска пратка барања за поставување на урбана опрема во место викано „12-те Ваташки другари”, општина Кавадарци на следните 4 локации:

Локација бр.1
Описни податоци:
На локација бр.1 постои урбана опрема од фиксирани масички (9 броја) и фиксирани столчиња (36 броја броја). 
Исто така, во состав на оваа површина постои шанк со две помошни простории изградени од тврд материјал, санитарни јазли кои што се заеднички за сите предвидени корисници.
 Вкупната површина од локацијата број 1 изнесува:
Горно ниво - 176м2, заедно со шанк
            Вкупно: 176м2.

Локација бр.2
Описни податоци:
Локацијата бр.2 е целосно покриена со метална конструкција (настрешница) покриена со лим, постои можност за поставување монтажно - демонтажен шанк - типски, со површина од 159м2.

Локација бр.3
Описни податоци:
Оваа локацијата е целосно покриена со метална конструкција (настрешница) покриена со лим, постои можност за поставување монтажно - демонтажен шанк - типски, со површина од 153,6м2.

Локација бр.4
Описни податоци:
Оваа Локацијата делумно е покриена со метална конструкција (настрешница) ≈ 102м2 и останатиот дел е непокриен ≈ 138м2 или вкупно 240м2. Постои можност за поставување монтажно - демонтажен шанк - типски.

Локација бр.5
Описни податоци:
Локацијата има подиум долно ниво и ограден подиум со пристапна рампа со површина од 86м2.

Јавниот повик ќе се објави на веб страната на Општина Кавадарци www.kavadarci.gov.mk.

Надоместокот за користење на просторот изнесува 5 денари/1м2.

На корисниците на просторот Градоначалникот на Општина Кавадарци ќе им издаде соодветен управен акт одобрение за поставување на урбана опрема согласно одредбите од Законот за градење во кој ќе бидат дефинирани сите услови под кои треба да се постави истата.


Напомена:

Барателите имаат обврска за времетраењето на користењето на просторот, истиот привремено да го отстапат на користење на јавните општински претпријатија и установи доколку се јави неопходна потреба за негова употреба од истите во случај на организирање на јавни манифестации или други приредби и собири со научна, уметничка, културна или спортска содржина.

Прилог: Графички дел од локациите