ЈАВЕН ПОВИК бр. 1/2024 за спортски клубови и здруженија, општински и училишни сојузи како и поддршка на манифестации, турнири и проекти во областа на спортот од интерес на Oпштина Кавадарци

02.04.2024

Врз основа на член 4 од Правилникот за утврдување на критериумите, начинот и постапката за распределба на финансиски средства на спортски клубови и здруженија како и подршка на манифестации, турнири и проекти во областа на спортот од интерес на Општина Кавадарци бр. 08 – 7333/50 од 24.12.2021 година и бр. 08-347/2 од 27.01.2022 година, бр. 08-365/35 од 25.01.2023 година и бр. 08-1772/53 од 14.03.2024 година (“Сл.Гласник  на Општина Кавадарци  бр. 5/21,  6/22, 26/23 и 40/24)

 

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
Објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК бр. 1/2024

За прибирање на апликации за финансиска поддршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2024 година наменети за  спортски клубови и здруженија, општински и училишни сојузи како и поддршка на манифестации, турнири и проекти во областа на спортот од интерес на Oпштина Кавадарци 


Се повикуваат спортски клубови и здруженија во областа на спортот регистрирани на пордачјето на Општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, своите апликации за финансиска поддршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2024 година, да ги достават до Општина Кавадарци – Локална самоуправа во предвидениот рок.    
Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2024 година, наменети за спортски клубови и здруженија во областа на спортот регистрирани на подрачјето на Општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, ќе се врши согласно Правилникот за утврдување на критериумите, начинот и постапката за распределба на финансиски средства на спортски клубови и здруженија како и поддршка на манифестации, турнири и проекти во областа на спортот од интерес на Општина Кавадарци бр. 08 – 7333/50 од 24.12.2021 година, бр. 08-347/2 од 27.01.2022 година, 08-365/35 од 25.01.2023 година и бр. 08-1772/53 од 14.03.2024 година  (“Сл.Гласник  на Општина Кавадарци  бр. 5/21, 6/22, 26/23 и 40/24),

 

1. Основни организациски критериуми:

  • Го потикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт
  • Ја реализираат утврдената програма за развој на спортот
  • Ги усогласуваат и кординираат програмските активности на здруженијата 
  • Го организираат и спроведуваат системот на натпревари
  • Се грижат за унапредување на стручна работа и усовршување на сручните кадри
  • Се грижат за унапредување на младите категории


2. Задолжителна документација за аплицирање:  

  • Пополнета пријава / формулар за аплицирање
  • Тековна состојба од клубот/здружението но не постара од шест месеци
  • Решение за вршење дејност спорт согласно Законот за спорт од Агенција за млади и спорт
  • Доказ за обезбедени соодветни објекти, опрема и стручен кадар
  • Потврда од соодветната спортска федерација во која категорија апликантот учествува ( супер лига, прва лига, втора лига, трета лига, општинска лига, младинска лига, кадетска лига и пионерска лига) и времетраењето  на учеството на  клубот во соодветната федерација.
  • Потврда од клубот дали наплаќа / не наплаќа чланарина
  • Детално разработена програма на активности во тековната година 
  • Документација со која се потврдува искуството за апликантот во реализирање на програма и активности од областа на спортот
  • Постигнати резултати , успеси
  • Детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на програмата (број на ангажирани лица, опис на трошоците по позиции)
  • Извештај за потрошените средства добиени од Општина Кавадарци за претходната  година
  • Прилози, фотографии, награди

3. НАПОМЕНА: Пријавите кои не ја исполнуваат комплетноста на   задолжителната документација нема да се разгледуваат.


Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите започнува од 02.04.2024 година а крајниот рок за поднесување е 17.04.2024 година до 16.00 часот. Пријавите со целокупната документација се доставуваат  лично или по пошта (пријавите доставени по е-маил или факс нема да бидат разгледувани ), на адреса : Плоштад Маршал Тито бб Кавадарци, или во архивата на Општина Кавадарци до 16.00 часот (со назнака – Пријава за јавен повик – Комисија за спорт )

Пријавата за аплицирање како и образецот за аплицирање се достапни на интеренет страницата на Општина Кавадарци : www.kavadarci.gov.mk
 

 

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
Градоначалник
д-р. Митко Јанчев