ЈАВЕН ПОВИК
за избор на најдобар бизнис план во средните училишта во Општина Кавадарци
Услови за учество и наградување:
- Право на учество на јавниот повик имаат средношколци/ки од СОУ гимназија ,, Добри Даскалов” ЗШУЦ ,, Ѓорче Петров” и СОУ ,, Ќиро Спанџов-Брко”.
- Секој апликант/ка на јавниот повик може да аплицира само со еден бизнис план, а со еден бизнис план може да учествува најмногу тим од најмногу 4 (четири) лица
- Бизнис плановите треба да бидат изготвени согласно стандардите за пишување на бизнис план
Јавниот повик е отворен од 29.04.2024 до 15.05.2024 до 16:00 часот
Трите најдобри бизнис планови ќе добијат парични награди:
I награда: 12.000 денари
II награда: 9.000 денари
III награда 6.000 денари
и дополнителна менторска поддршка од Агенцијата за вработување. Бизнис плановите ќе ги оценува стручна комисија.
Достава на бизнис планот:
Готовиот бизнис план во 1 пишан примерок може да се испрати по електронска пошта на e-meil; kamcevamarija59@yahoo.com или во Граѓански информативен центар на општина Кавадарци со назнака: ,,За избор на најдобар бизнис план”.
За дополнителни информации во врска со јавниот повик можете да се обратете кај координаторот за еднакви можности на општина Кавадарци Марија Камчева на 072/218-772