ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 05/2024
За унапредување на 1 административен службеник во општинската администрација на Општина Кавадарци
Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на административен службеник 1 (еден) извршител и тоа :
- УПР 01 01 В01 000 Советник за координација на активностите на Градоначалникот, Одделение за работи на градоначалникот и односи со јавноста, Сектор за правно-нормативни и општи работи ..............1 (еден) извршител;
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови предвидени за работното место под точка 1 утврдени со актот за систематизација се:
-Стручни квалификации ниво: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен и тоа: Научно истражувачко подрачје:општествени науки, научно-истражувачки полиња:образование, медиуми и комуникации
- Работно искуство и тоа: најмалку три години работно искуство во струката.