ЈАВЕН ПОВИК
за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови на Надзорен одбор за контрола на материјално –финансиското работење на Јавно претпријатие за енергетика КАВАДАРЦИ - ГАС Кавадарци
бр.03/24
1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВЕН ПОВИК
Предмет на Јавниот повик е избор на членови на Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавно претпријатие за енергетика КАВАДАРЦИ - ГАС Кавадарци, со мандат од 4 години.
Јавното претпријатие за енергетика КАВАДАРЦИ - ГАС Кавадарци со седиште на ул.,,Маршал Тито“бр.2 во Кавадарци е правно лице кое врши дејност од јавен интерес од испорака на гас од главниот цевковод до мерниот инструмент на корисникот со основна дејност согласно НКД 35.22 – дистрибуција на гасовити горива преку дистрибутивни системи.