Донации

23.09.2024

Како што и веќе е информирана јавноста, градоначалникот Митко Јанчев, од стапувањето на функцијата градоначалник на општина Кавадарци, а тоа се веќе цели седум години,  не само што јавно се откажа од месечниот надомест- плата и користење на службено возило, туку и истиот надомест е пренаменет во хуманитарни цели. 

Вкупно 52.624.053,00 денари се средства кои градоначалникот Митко Јанчев преку компаниите Кожувчанка, Фондација ,,Никола Јанчев’’ и ЈА-МИ  ги донирал за општина Кавадарци и останати хуманитарни и општествени цели. 

Овие компании на чело со Кожувчанка, не застануваат овде. Всушност нивната визија и идеја отсекогаш била да помагаат онаму каде што е потребно. Ова не е само помош, ова е придонес воопшто за општеството.