Соопштение за организирање на Повторна Јавна Презентација и Повторна Јавна Анкета за Детален урбанистички план за УЕ 10, дел од Блок 10.2, "Мито Хаџи Василев Јасмин" КО Кавадарци

28.04.2025

Детален урбанистички план за УЕ 10, дел од Блок 10.2, "Мито Хаџи Василев Јасмин" се наоѓа непосредно до централното градско подрачје од градот Кавадарци и го дефинираат следниве граници:

Граници на планскиот опфат се :

- на Север границата се движи по границата на Сервисната улица СР9 „Мито Хаџи Василев Јасмин“

- на Исток границата се движи по осовината на Новопланираната Пристапна улица бр.6 потоа се движи по Станбена улица 2а, и по осовината на Сервисната улица СР4 „Тиквешко Востание“.

- на Југ границата се движи по осовината на Сервисна улица СР6 „Ресавска“

- на Запад границата се движи по осовината на сервисна улица СР7 „Пионерска“

 

           Вкупната површина на планскиот опфат, ,изнесува 9,06 ха до осовини на сообраќајници.

 

            Повторна Јавна Презентација и Повторна Јавна Анкета ќе се спроведе со излагање на  Детален урбанистички план за УЕ 10, дел од Блок 10.2, "Мито Хаџи Василев Јасмин" КО Кавадарци град, Општина Кавадарци, во просториите на Општина Кавадарци.

                Повторната Јавна анкета трае од 05.05.2025 до 25.05.2025  година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

 

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

               Повторната Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  05.05.2025  година (четврток) во 13:00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.