ЈАВЕН ПОВИК за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финасиското работење на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ,,ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ,, Кавадарци бр.04/26

06.02.2026

ЈАВЕН ПОВИК

за пројавување на интерес  за пријавување на кандидати за избор на членови на Надзорниот одбор  за контрола на материјално-финасиското работење на

Јавното претпријатие  за јавни паркиралишта ,,ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ,, Кавадарци

бр.04/26

1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВЕН ПОВИК

Предмет на Јавниот повик е избор на  членови на Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавното претпријатие  за јавни паркиралишта ,,ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ,, Кавадарци, со седиште на ул,,7-ми Септември “бр.1  во Кавадарци.

Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавното претпријатие се состои од 3 (три) членови.

Мандатот на членовите на Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење е во траење од 4 (четири) години.

           

2. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

            Заинтересираните лица кои што ќе се пријават на јавниот повик за избор на членови на Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење  на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ,,ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ,, Кавадарци треба да ги исполнуваат следните услови:

- е државјанин на Република Северна Македонија;

- има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование  од областа на правните науки, економски науки, правни науки или областа на дејноста на јавното претпријатие;

-во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;

Освен условите од ставот 1 точка 2, членовите во надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатија треба да имаат  и соодветно работно искуство и тоа :

- еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство,

- еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и

-еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.

            3.РОК, НАЧИН И МЕСТО НА  ПОДНЕСУВАЊЕ  НА ПРИЈАВАТА СО ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

            Заинтересираните лица по јавниот повик како доказ за исполнување на бараните услови треба да достават :  

- кратка биографија,

-државјанство на Република Северна Македонија,

- уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,

-потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна забрана за вршење на професија, дејност или должност,

-потврда за евидентиран стаж од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија,

- сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон.

            Заинтересираните лица по јавниот повик поднесуваат пополнета пријава  (на образец - даден во прилог на јавниот повик) со потребната документација и доказите во писмена форма ( во оригинал  или копија заверена на нотар) преку Архива на Општина Кавадарци, секој работен ден од 08:00 -16:00 часот или по пошта со назнака ,,За јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови на Надзорниот одбор за контрола на материјало-финансиското работење на Јавното претпријатие  за јавни паркиралишта ,,ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ,, Кавадарци.

            Рокот за доставување на пријавата трае 5 (пет) дена почнувајќи од 09.02.2026  година до  13.02.2026 година.

            Јавниот повик ќе биде објавен на веб-страната на Општина Кавадарци www.kavadarci.gov.mk  и на веб-страната на Јавното претпријатие  за јавни паркиралишта ,,ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ,, Кавадарци www.jpparkingkavadarci.mk и на  огласна табла на Општина Кавадарци.