ОПШТИНА КАВАДАРЦИ Објавува ЈАВЕН ПОВИК За прибирање на апликации за финансиска поддршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2026 година

26.05.2026

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

               Објавува

                ЈАВЕН ПОВИК

 За прибирање на апликации за финансиска поддршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2026 година наменети за  спортски клубови и здруженија, општински и училишни сојузи како и поддршка на манифестации, турнири и проекти во областа на спортот од интерес на Oпштина Кавадарци

Се повикуваат спортски клубови и здруженија во областа на спортот регистрирани на пордачјето на Општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, своите апликации за финансиска поддршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2026 година, да ги достават до Општина Кавадарци – Локална самоуправа во предвидениот рок. 

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2026 година, наменети за спортски клубови и здруженија во областа на спортот регистрирани на подрачјето на Општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, ќе се врши согласно Правилникот за утврдување на критериумите, начинот и постапката за распределба на финансиски средства на спортски клубови и здруженија како и поддршка на манифестации, турнири и проекти во областа на спортот од интерес на Општина Кавадарци бр. 08 – 2787/5 од 21.05.2026 година  (“Сл.Гласник  на Општина Кавадарци  бр. 13/26),

  1. Основни организациски критериуми :

  • Го потикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт
  • Ја реализираат утврдената програма за развој на спортот
  • Ги усогласуваат и кординираат програмските активности на здруженијата
  • Го организираат и спроведуваат системот на натпревари
  • Се грижат за унапредување на стручна работа и усовршување на сручните кадри
  • Се грижат за унапредување на младите категории

  1. Задолжителна документација за аплицирање: 
  • тековна состојба од клубот/здружението ( не постара од 6 месеци);
  • решение за вршење дејност спорт согласно Законот за спорт (задоложително);
  • договор за користење на спортски објект (спортска сала, терен) каде што се одржуваат тренинзите;
  • потврда од соодветната спортска федерација во која категорија апликантот учествува (Супер лига, Прва лига, Втора лига, Трета лига, општинска лига, младинска лига, кадетска лига, пионери) како и времетраењето на учеството на клубот во соодветната федерација; издадена за тековната година
  • листа со спортските успеси постигнати во последните две години, поткрепена со докази;
  • официјален годишен билтен за учество во национален систем на натпревари во тековната година;
  • детално разработена програма / проект на активности во тековната година;
  • детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на програмата /проект (број на ангажирани лица, опис на трошоците по позиции)
  • прилози (фотографии, награди, признанија, дипломи и сл.)
  • изјава за активност на клубот/здружението, дадена под материјална и кривична одговорност

  1. НАПОМЕНА: Пријавите кои не ја исполнуваат комплетноста на   задолжителната документација нема да се разгледуваат.

  1. Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите започнува од  26.05.2026 година а крајниот рок за поднесување е 09.06.2026 година до 16.00 часот.  Пријавите со целокупната документација се доставуваат  лично или по пошта (пријавите доставени по е-маил или факс нема да бидат разгледувани ), на адреса : Плоштад Маршал Тито бб Кавадарци, или во архивата на Општина Кавадарци до 16.00 часот (со назнака – Пријава за јавен повик – Комисија за спорт )

Documents