ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ период 2022-2026

17.04.2025

Општина Кавадарци, како и другите поголеми општини во Република Северна Македонија, се соочува со предизвици за подобрување на квалитетот на воздухот. Нарушениот квалитет на воздухот е резултат на секојдневните човекови активности и справувањето со овој проблем бара интердисциплинарен пристап и соработка помеѓу надлежните институции, стопанските субјекти и жителите на општината. Аналогно на глобалните состојби и во општина Кавадарци значително загадување на воздухот се регистрира особено во студените зимски месеци пред сé заради атмосферските услови, индустриските процеси и зголемената употреба на фосилни горива за загревање на домаќинствата и објектите на јавните и приватните правни субјекти.

Планот за квалитет на амбиенталниот воздух за Општина Кавадарци e изработен со цел утврдување на состојбите и дефинирање на мерки за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух на територијата на Општина Кавадарци.

Врз основа на Договор број 05-3702/3 од 26.08.2021 г., Министерството за животна средина и просторно планирање го ангажираше Технолаб доо Скопје да изработи План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Кавадарци.

Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух воздух за Општина Кавадарци е плански документ чија изработка произлегува од законската регулатива за квалитет на амбиентниот воздух и истиот претставува основа за планирање и релизирање на активности за подобрување на квалитетот на воздухот.

Овој документ е во корелација со остантите стратешки документи, планови и програми на национално, регионално и локално ниво од сите релевантни сектори кои се разгледани и земени во предвид при изработката на Планот.

Во соработка со УНДП односно проектот справување со загадување се изврши ажурирање на горенаведениот постоечки план и истиот ви го доставуваме на увид во период од 15 дена почнувајќи од денес и сите ваши коментари забелешки и предлози уредно да ги доставуте до архивата на општина Кавадарци.