Според досега откриените археолошки локалитети, Кавадарци било населено уште од времето на неолитот. Исто така овде се откриени и белези од населби во античкиот период и средниот век. Денеска Кавадарци на посетителите им нуди необично и богато доживување. Наследството од средновековниот период претставено преку прекрасните цркви, Марковата кула, пештерските убавини за кои вреди да се планинари.
Доживејте ја Тиквешијата и патувајте низ антиката, низ времето, традицијата, низ центарот на Република Северна Македонија.
Големината на овој народ не е во неговата бројност, туку во добрината и гостопримството.