
Легенди и преданија за Кавадарци
Името на градот Кавадарци за прв пат се споменува во 15 век. Во турскиот пописен дефтер на Ќустендилскиот санџак, ојконимот на градот е регистриран како Село Кавадарци со формата Кавадарче и со втор назив Ваташа.
Во словенските пишани споменици неговото име е документирано дури во 17-18 век. Со формата Кавадарци името на градот е забележано во кодикот на Трескавечкиот манастир од 17 до 18 век. Во 19 век името на градот е забележано во еден надгробен натпис во црквата “Св. Димитрија” во Кавадарци, а кај птописецот Јохан Хан е запишано во обликот Кавадар.