Прва официјална посета на амбасадорот на Австрија

08.02.2024

Прва официјална посета на амбасадорот на Австрија, Мартин Палмер во Општина Кавадарци. На средбата се разговараше за можностите за соработка пред се во областа на стопанството со посебен фокус на винарството.

Се истакна заинтересираноста на двете страни за воспоставување на соработка помеѓу Општина Кавадарци со општини од Австрија. Се разговараше и за организирање на австриско економски форум во Кавадарци. По средбата амбасадорот и градоначалникот ја посетија и црквата св.Димитрија.

Галерија