Најнови Постови

Градоначалникот Митко Јанчев се сретна со амбасадорката на В.Британија Рејчел Галовеј

Градоначалникот Митко Јанчев се сретна со амбасадорката на В.Британија Рејчел Галовеј

Денeска во посета на Кавадарци престојуваше  амбасадорката на Велика Британија во Република Македонија, Рејчел Галовеј .Таа се сретна со Градоначалникот  Митко Јанчев  а се запозна и со економските и културно-историските можности за соработка на Општнава со градови од Велика Британија.

Асфалтирање на ул.“Тоде Мајсторчев“

Асфалтирање на ул.“Тоде Мајсторчев“

Кампањата за ревитализација на градските улици продолжува со асфалтирање на ул.“Тоде Мајсторчев“. Согласно програмата, оператива на фирмата изведувач започна со отстранување на стариот асфалт, тампонирање и  асфалтирање на површина од 685 квадрати.

Пробивање на споредна улица на ул.“Илинденска“

Пробивање на споредна улица на ул.“Илинденска“

Општината Кавадарци продолжува со интензивната комунална изградба. Денес се изврши пробивање на споредна улица на ул.“Илинденска“ со комплетна инфраструктура, вода, фекална и атмосферска канализација со квадратура од 330 квадрати.

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН (ReLOaD)

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН (ReLOaD)

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) е финансирана од Европската унија и ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до јануари 2020 година и ќе има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество за негово активно учество во процесот на денесување одлуки.

Во проектот ReLOaD се вклучени 5 општини во земјава: Струмица, Ресен, Кавадарци, Гостивар и Куманово.

Општина Кавадарци и проектот ReLOaD ги повикуваат сите граѓански организации во земјава да поднесуваат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Кавадарци и со кои се опфатени следните приоритетни области:

  1. Родова еднаквост
  2. 2. Негување на културата и културното наследство
  3. 3. Заштита на животната средина
  4. 4. Претприемништво
  5. 5. Социјална инклузија

Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД .

Read More