Најнови Постови

Дуално образование индустриско-дрекслмајер

Дуално образование индустриско-дрекслмајер

Министерката за образование и наука Мила Царовска во придружба на градоначалникот на Кавадарци м-р. Митко Јанчев и претставници на Делегацијата на германското стопанство во Македонија денеска го посетија среднот стручно училиште СОУ „Киро Спанџов Брко“ во Кавадарци каде се реализира дуално образование по германски модел.

Овде трета година успешно се спроведува дуално образование во соработка со германската компанија „Дрекслмајер“. Учениците кои го завршуваат ова образование имаат можност да добијат сигурно вработување во оваа компанија.

Од говорницата пред учениците од третата генерација како и пред гостите Градоначалникот Митко Јанчев посочи дека ова е добар модел за да се произведат профили кои се бараат на пазарот на трудот. Овој тип на образование истакна тој, создава кадар кој квалитетно и соодветно може да одговори на работните задачи во компаниите.

Министерката за образование Мила Царовска вели дека стручното образование продолжува и во услови на пандемија како одговор на потребите на стопанството за квалитетен и добро обучен кадар.

Директорот на СОУ „Ќиро СпанџовБрко“, Драги Ташев е задоволен од досегашната соработка со „Дрекслмајер“ и нагласи дека нивното училиште е прво во земјава каде започна да се спроведува дуално образование.

Проектот за дуално образование го поздрави и Патрик Мартенс директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

Во програмата за дуално образование се вклучени 7 училишта од 7 општини и 12 компании. Покрај во кавадаречкото училчиште дуалното образование  се реализира  и во градовите: Велес, Охрид, Битола, Прилеп, а од оваа година во Скопје и Тетово.

Известување по ЈАВЕН ПОВИК  за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето  на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година

Известување по ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година

Комисијата за имплементација на мерките за субвенционирање на граѓани на подрачјето на општина Кавадарци за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година известува дека поради малиот број на поднесени барања согласно утврдениот буџет за истата намена нема да се реализира јавно изввлекување и дека сите пристигнати барања ќе бидат разгледани од страна на комисијата за комплетност и уредност на поднесената документација со што ќе се донесе решение за субвенционирање.

ЗАВРШИ АСФАЛТИРАЊЕТО НА ДЕЛНИЦА ОД РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ВО БОШАВИЈАТА

ЗАВРШИ АСФАЛТИРАЊЕТО НА ДЕЛНИЦА ОД РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ВО БОШАВИЈАТА

Ангажираната оператива на Агенцијата за патишта денеска завршува со реализација на проектот за асфалтирање на делница од регионалниот пат Демир Капија-Мушов гроб.

Се работи за асфалтирање на 850 должни метри со широчина на коловозот од 4 метри, на дел од патот кој ги поврзува селата Долна Бошава со Горна Бошава.

Согласно проектот асфалтна подлога се посатви на излезот од селото Долна Бошава до спојот со бехатон плочите на влезот под село Горна Бошава.

Сега од Кавадарци до Горна Бошава се патува по целосно асфалтиран пат кој овозможува побрза и побезбедна комуникација како за жителите, така и за стопанските субјекти од тој регион.

Со реализацијата на овој проект значајно се подобри сообраќајната инфраструктура на територијата на општина Кавадарци во комуникација со селата од подкожувјето.

Во наредниот период останува да се асфалтираат преостанатите 5 километри од овој регионален пат помеѓу селата Горна Бошава и Конопиште со што општината ќе ја заокружи ревитализацијата локалната и регионалната патна инфраструктура на нејзината територија.

Јавно извлекување за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2020 година

Јавно извлекување за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2020 година

На ден 22.10.2020 година со почеток во 17:00 часот во просториите на Општинската Сала во зградата на Општина Кавадарци, ќе се одржи ЈАВНО ИЗВЛЕКУВАЊЕ за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2020 година.

Поради почитување на мерките за заштита на населението од Ковид 19 присуството на поднестелите на барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2020 година  при спроведување на ЈАВНОТО ИЗВЛЕКУВАЊЕ ќе биде ограничено на максимум 10 лица по принципот прв дојден.

 

ДОГРАДБА НА КРАК ОД УЛИЦАТА „ДИСАНСКА“  ДО СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА   

ДОГРАДБА НА КРАК ОД УЛИЦАТА „ДИСАНСКА“ ДО СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА  

Во рамките на комуналната изградба општината Кавадарци реализираше проект за продолжување на крак од улицата „Дисанска“ во населбата „Парк“. Ангажираната оператива деновиве ги заврши градежните работи со поставување на рабници за оформување на трасата на улицата во должина од 300 метри, по што се спроведе и тампонирање.

Во наредниот период  ќе уследи асфалтирање на улицата. Претходно на истата делница се изврши прокоп и поставување на цевки и шахти од новата линија за канализација.

Со реализацијата на овој проект општината ќе обезбеди урбанизиран и  асфалтиран пристап до Спомен костурницата од истичната страна.