Надлежности на градоначалникот

Кавадарци панорама

градоначалник - надлежности

Градоначалникот се избира на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање во согласност со Законот за локални избори, за период од 4 (четири) години.

 

Градоначалникот во рамките на своите надлежности:

 

  1. Ја претставува и застапува Општината;
  2. Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот на Општината;
  3. Ја контролира законитоста на прописите на Советот;
  4. Ги објавува прописите на Советот во службеното гласило на Општината;
  5. Го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот;
  6. Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината;
  7. Го предлага Годишниот Буџет и Годишната сметка на Буџетот на Општината;
  8. Го извршува Буџетот на Општината;
  9. Избира директори, врз основа на јавен конкурс, на Јавните претпријатија,
  10. Јавните Установи и други јавни служби кои ги основала Општината;
  11. Редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со Статутот;
  12. Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
  13. Донесува Правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
  14. Раководи со општинската администрација;
  15. Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определно со закон;
  16. Обезбедува правилно и законито користење, одржување, и заштита на сопственоста на Општината, во согласност со Закон и Статутот
  17. Издава Одобрение за вршење угостителска дејност надвор од деловниот објект;
  18. Донесува акт за категоризација на објектите за вршење на угостителска дејност од помал обем;
  19. Донесува решение за вршење на трговска дејност од мал обем;
  20. Донесува решение за издавање на Б интегрирана еколошка дозвола;

 

Врши и други работи утврдени со закон и со овој Статут.