Во општина Кавадарци има 41 облици на месна самоуправа од кои:
- 8 Урбани заедници и
- 33 Месни заедници
Граѓаните во општината ги основаат облиците на месната самоуправа заради остварување на уставното право на месна самоуправа, како облик на изразување на нивниот заеднички интерес и заради давање придонес за решавање на нивните секојдневни потреби во непосредната околина на подрачјето на кое тие се основани и вклучување во системот на одлучување во локалната самоуправа.
Облиците во месната самоуправа работат во рамките на правата утврдени со Статутот на општина Кавадарци и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на општина Кавадарци. Облиците на месната самоуправа меѓусебно соработуваат заради остварување на нивните заеднички интереси. Облиците на месната самоуправа разгледуваат, заземаат и утврдуваат ставови за прашања од непосредено и секојдневно значење за животот и работата на жителите.
Граѓаните преку облиците на месната самоуправа:
- Избираат Совет и други тела на обликот на месната самоуправа.
- Граѓаните преку облиците на месната самоуправа се грижат за:
- решавање на прашања од комуналната инфраструктура за соодветната месна самоуправа,
- одржување на објекти од јавен интерес (водоводи, улици, домови на култура, спортски објекти и др.)
- заштита на животна средина,
- уредување и одржување на гробишта во сеслките населени места
- поведување иницијатива за уредување на просторот,
- јавен превоз на патишта,
- образование, здравство, социјална заштита,
- културни, забавни и спортски и други манифестации,
- развивање на добрососедски односи,
- снабдување со стоки и услуги, како и заштита на потрошувачите и
- други прашања од секојдневно значење за животот и работата на граѓаните.