Сектор за управување со човечки ресурси

Сектор за управување со човечки ресурси

Секторот за управување со човечки ресурси врши следење, проучување и ттримена на законските прописи од областа на локалната самоуправа, работните и службеничките односи. Ги извршува следните надлежности:

 

  • подготвување на Предлог -Одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на работите на оnштинската администрација;
  • подготвување на Предлог -Правилнк за систематизација на работните места во општинската администрација, како и измени и дополнувања на овие акти;
  • унапредување и мобилност на административни службеници и други вработени во институцијата;
  • ажурирање на електронска база на податоци за вработените;
  • водење на персонални досиеја на сите вработени во општинската администрација;
  • водење на евиденција за присуство на работа на вработените, како и прием и обработка на податоците за боледувања, нивна контрола и проследување до Секторт за финансии;
  • спроведување на постапка за вработување на административни службеници и вработување на помошно технички лица;
  • координирање и подготвување на Планот за користење на годишните одмори;
  • подготовка на решенија за хористење на годишен одмор, боледување, неплатено отсуство и други видови отс.-уства на вработените во општинската администрациiа;
  • подготвува решенија за престанок на вработување;
  • го врши пријавувањето на вработените во социјалното и здравствено осигурување;
  • предлагање на мерки за обезбедување на оптимални услови за работа на вработените;
  • изработка на анализи и информации за Годишни планови за обука.
     
Работно време
Понеделник - Петок 08-16