Секторот за финансиски прашања врши проучување на законските и подзаконските акти и прописи од областа на буџетското и материјалното-финансиско работење.
Ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
- проучување на законските и подзаконските акти и прописи од областа на буџетското и материјалното-финансиско работење;
- изработување, извршување и известување за извршувањето на Буџетот и следење на неrовата реализација;
- изработување на Годишна завршна сметка за извршувањето на Буџетот на општината;
- изготвување на финансиски план за извршување на Буџетот (месечен, квартален и годишен) за општината и единките корисници на општината;
- изработување на квартални финансиски извештаи за извршување на Буџетот за тековната година;
- проучување и реализирање на прописи од областа на финансиско- материјалното, сметководственото и книговодсrвеното работење како и други општи и поединечни акти за реализација на оваа надлежност;
- управување, следење и контрола на состојбата на движењето на средствата и изворите на средствата на општината утврдени со Буџетот;
- подrотовка на стратешки план на општината;
- измена и дополнување на Буџетот и стратешкиот план на општината;
- контрола на подготовката и извршувањето на Буџетот;
- спроведување ex-ante и ex-post финансиска контрола;
- подготовка, примање, ликвидирање и контрола на сметководствената документација;
- подготовка на Годишен финансиски извештај, освен извештај за извршените ревизии и активности на внатрешната ревизија, кој го подrотвува Одделението за внатрешна ревизија, а е составен дел од овој извештај, согласно член 47 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола (Службен Весник на РМ бр.90/09);
- благајничко работење;
- планирање на приходи, нивно утврдување и наплата;
- изготвување преrледи, исплаќање плата и надоместоци и нивна евиденција;
- проучување на законите и подзаконските акти и други прописи од областа на даноците и таксите и се грижи за нивна доследна примена; планирање на приходите, нивно утврдување и наплата;
- водење на евиденција на дано'UtИте обврзници; идентификација на недвижен и подвижен имот;
- водење на регистар на недвижен и подвижен имот со имиња и адреси на даночните обврзници, вкупна површина и вредност;
- усогласување на состојбата на регистарот на недвижности со состојбата на недвижности во геодетска управа;
- спроведување на постапка за присилна наплата на локални даноци и такси, предлаrа мерки за нивно унапредување и регистрација на имот
Цанка Јовановска
Сектор за финансиски прашања
Раководител
Работно време
Понеделник - Петок 08-16