Месна самоуправа

Месна самоуправа

Во општина Кавадарци има 41 облици на месна самоуправа од кои:

  • 8 Урбани заедници и
  • 33 Месни заедници

Граѓаните во општината ги основаат облиците на месната самоуправа заради остварување на уставното право на месна самоуправа, како облик на изразување на нивниот заеднички интерес и заради давање придонес за решавање на нивните секојдневни потреби во непосредната околина на подрачјето на кое тие се основани и вклучување во системот на одлучување во локалната самоуправа.

Облиците во месната самоуправа работат во рамките на правата утврдени со Статутот на општина Кавадарци и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на општина Кавадарци. Облиците на месната самоуправа меѓусебно соработуваат заради остварување на нивните заеднички интереси. Облиците на месната самоуправа разгледуваат, заземаат и утврдуваат ставови за прашања од непосредено и секојдневно значење за животот и работата на жителите.

Граѓаните преку облиците на месната самоуправа:

  1. Избираат Совет и други тела на обликот на месната самоуправа.
  2. Граѓаните преку облиците на месната самоуправа се грижат за:
  • решавање на прашања од комуналната инфраструктура за соодветната месна самоуправа,
  • одржување на објекти од јавен интерес (водоводи, улици, домови на култура, спортски објекти и др.)
  • заштита на животна средина,
  • уредување и одржување на гробишта во сеслките населени места
  • поведување иницијатива за уредување на просторот,
  • јавен превоз на патишта,
  • образование, здравство, социјална заштита,
  • културни, забавни и спортски и други манифестации,
  • развивање на добрососедски односи,
  • снабдување со стоки и услуги, како и заштита на потрошувачите и
  • други прашања од секојдневно значење за животот и работата на граѓаните.