Права на претставниците на локалниот младински совет
- предлагаат точки на дневен ред на Советот на општината кои ги засегаат младите,
- расправаат за прашања за кои се расправа во Советот на општината, а се од интерес на младите,
- иницираат прашања за млади од делокругот на работата на општината,
- иницираат, учествуваат и даваат повратни информации за процесот на локална младинска стратегија и други политики,
- доставуваат информации до општината за прашања кои се однесуваат на младите,
- вршат други советодавни и застапувачки работи во согласност со закон.
Бројот на членови на Советот на млади е непарен и не надминува повеќе од една третина од членовите на Советот на Општина Кавадарци, но не може да биде помалку од пет лица.
Членовите на локалните Младински совети имаат мандат од две години со право на уште еден избор.