Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локална самоуправа ("Службен весник на Република Македонија" бр.5/2002), а согласно Програмата за развој на Невладиниот сектор на Општина Кавадарци за 2024 година („Сл.Гласник на Општина Кавадарци“ бр.44/23), Правилник за подготовка, аплицирање и реализација на предлог проекти (Сл.гласник бр.45/24), и член 132 став 1 од Статутот на Општина Кавадарци (“Сл.гласник на Општина Кавадарци”бр.8/05/....…75/21), Советот на Општина Кавадарци на 40-та седница одржaна на ден 14.03.2024 година, донесе,
О Д Л У К А
за распределба на финансиски средства по Јавен повик за прибирање на предлог проекти по приоритетни области
Член 1
Со оваа одлука Советот на Општина Кавадарци врши распределба на финансиските средства согласно Јавен повик бр.14-940/1 од 01.02.2024 година за прибирање на предлог проекти по приоритетни области, согласно Програма за развој на невладиниот сектор на Општина кавадарци за 2024 година, и тоа:
Бр | Организација | Одобрени средства |
1 | Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци | 250.000,00 денари |
2 | Доброволно противпожарно друштво САШКО ГЕШОВСКИ Кавадарци | 200.000,00 денари |
3 | Здружение на мотоциклисти Мото клуб Тиквеш Рајдерс | 180.000,00 денари |
4 | Здружение на граѓани ЏОЛОМАРИ | 150.000,00 денари |
5 | Здружение на граѓани “Џаламари-Василичари” Кавадарци | 120.000,00 денари |
6 | Здружение на граѓани ,,Васил Хаџи Манов Јуниор”, Кавадарци | 120.000,00 денари |
7 | Здружение на граѓани Кавадион - Кавадарци | 100.000,00 денари |
8 | Балетско студио “Венус” при Здружение на граѓани “Сцена прва” – Кавадарци | 100.000,00 денари |
9 | Здружение на граѓани Љубители на уметноста и културата РОДНОКРАЈЦИ | 100.000,00 денари |
10 | Здружение на граѓани Мултисинапсис | 100.000,00 денари |
11 | ЕД Тисовец | 100.000,00 денари |
12 | Здружение на граѓани Кинолози 7ми Септември - Кавадарци | 100.000,00 денари |
13 | Инвалидско здружение на лица со стома | 100.000,00 денари |
14 | Здружение на граѓани Тиквеш Бајк | 100.000,00 денари |
15 | Здружение на граѓани Нова Цивиста | 80.000,00 денари |
16 | Здружение на граѓани – Ликовна колонија “Михајлово Арт” Кавадарци | 70.000,00 денари |
17 | Центар за Поддршка на Детскиот Развој – ЦПДР, Кавадарци | 60.000,00 денари |
18 | Здружение за екологија, животна средина и просторно планирање “Еко-Индикатор” - Кавадарци | 50.000,00 денари |
19 | Здружение на граѓани Иднината е сега - Кавадарци | 50.000,00 денари |
20 | Здружение за развој, едукација и забава на децата со занаети и професии ПАНЧЕЛИТО Кавадарци | 50.000,00 денари |
21 | Здружение на граѓани Зона | 50.000,00 денари |
22 | Здружение на граѓани Ластарчиња лозарчиња | 50.000,00 денари |
Член 2
Одобрените финансиски средства ќе се исплатат врз основа на склучен Договор за финансирање согласно моменталните состојби на општината кои се однесуваат на исполнувањето на Буџетот.
Член 3
Одобрените финансиски средства треба да се користат наменски за проектни активности предвидени во доставените предлог проекти.
Член 4
Одлуката влегува во сила на денот на донесување, а ќе се објави во Службен Гласник на Општина Кавадарци.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
Претседател,
д-р Стојанчо Рамов