Врз основа на член 20-г и член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл. Весник на РМ.„ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и („Сл. Весник на РСМ.„ бр.143/19 и 14/20 ) и член 22 и член 23 од Законот за работните односи („Сл. Весник на РМ.“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Сл. Весник на РСМ.“ бр.110/19, 267/20, 151/21, 288/21 и 111/23), а согласно Правилникот бр. 04-6196/3 од 28.11.2019 година за систематизација на работните места во Општина Кавадарци, Правилникот бр. 04-1911/1 од 26.03.2021 година, бр. 04-1911/6 од 27.04.2021 година, бр.04-2567/1 од 12.04.2022 година, 04-2567/4 од 24.11.2022 година и 04-3477/1 од 25.05.2023година за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Општина Кавадарци, Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува
Ј А В Е Н О Г Л А С
За вработување на (1) еден извршител помошно техничко лице на неопределено работно време во Општина Кавадарци
Општина Кавадарци има потреба од вработување на (1) еден извршител помошно техничко лице на неопределено работно време, за следното работно место:
Возач со шифра УПР 04 03 А02 001 во Одделение за правни и општи работи, Сектор за правно-нормативни и општи работи, ………………………………..(1) извршител;
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови :
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Покрај општите услови, кандидатите пријавени за работно место треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
– Ниво на стручни квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и 180 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО, односно најмалку средно образование и тоа: Средно образование
– Возачка дозвола “Б” – категорија;
– Работно искуство: Работно искуство од најмалку 1 години во јавен, односно приватен сектор.
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2023 година се: Македонец(ка) 1.
Неделното работно време е од понеделник до петок, вкупно 40 работни часа. Дневно работното време од 08.00 до 16.00 часот.
Основната нето плата за работно место возач изнесува 21.700,00 денари.
Во прилог на Пријавата кандидатите за работните места по јавниот оглас се должни да ги достават следните документи:
- Пријава со податоци за контакт;
- уверение за државјанство, оригинал или копија заверена на нотар;
- лекарско уверение непостаро од 6 месеци, оригинал или копија заверена на нотар;
- доказ за завршено образование;
- потврда- за правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
Рокот за пријавување на јавниот оглас е 5 ( пет ) работни дена од денот на објавувањето.
Ненавремената, нецелосната и неуредната документација нема да биде предмет на разгледување од страна на комисијата за селекција на кандидати.
Пријавата со целокупната потребна документација, да се достават до архива на Општина Кавадарци или по пошта до Општина Кавадарци ул. Маршал Тито бб –Кавадарци, со назнака “за јавен оглас за вработување“.