Врз основа на член 27 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20 и 111/23), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Програма за изменување и дополнување на Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2021 година, Глава IV, Точка 50, Градоначалникот на Општина Кавадарци, упатува:
Ј А В Е Н П О В И К
за организирање на повторна јавна презентација и повторна јавна анкета за Предлог - ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЕ 7, ДЕЛ ОД БЛОК 7.1, ,,ВЕЛКОМ ТРЕЈД", Општина Кавадарци, плански период 2022-2027
Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека општина Кавадарци организира повторна јавна анкета и повторна јавна презентација за Предлог - ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЕ 7, ДЕЛ ОД БЛОК 7.1, ,,ВЕЛКОМ ТРЕЈД", Општина Кавадарци.
Граници на планскиот опфат се :
- од северната страна, границата на опфатот се движи по граница на град Кавадарци
- од источната страна, границата на опфатот се движи по оската на улица 29 по ГУП
- од јужната страна, границата на опфатот се движи по оската на улица „6“,
- од западната страна, границата на опфатот се движи по осовината на Индустриска улица „1“, предвидена со ДУП
Опфатот е со површина од 4,37 ха.
Повторна Јавна анкета
Повторната Јавна анкета за Предлог - ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЕ 7, ДЕЛ ОД БЛОК 7.1, “ВЕЛКОМ ТРЕЈД“, Општина Кавадарци, со тех. бр. 51/22 од Февруари, 2024 година ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Кавадарци како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам и на службената веб стран на општината.
Повторната Јавна анкета ќе трае 10 (десет) работни денови и тоа од 12.03.2024 до 25.03.2024 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Повторна Јавна презентација
Повторна Јавна презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 20.03.2023 година (Среда) во 13:00 часот во просториите на општина Кавадарци.
ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
Градоначалник
Д-р Митко Јанчев