ЈАВЕН ПОВИК за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Нацрт - Детален урбанистички план за УЕ 7, дел од Блок 7.1 „ЈП КОМУНАЛЕЦ“, Општина Кавадарци плански период 2023 – 2028 година

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ОБЈАВУВА
04.06.2024

Ј А В Е Н    П О В И К

за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Нацрт - Детален урбанистички план за УЕ 7, дел од Блок 7.1 „ЈП КОМУНАЛЕЦ“, Општина Кавадарци плански период 2023 – 2028 година

                Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека општина Кавадарци организира јавна презентација и јавна анкета за Нацрт - Детален урбанистички план за УЕ 7, дел од Блок 7.1 „ЈП КОМУНАЛЕЦ“, Општина Кавадарци плански период 2023 – 2028 година.

Граници на планскиот опфат се :

-ЈУГ – јужната граница на планскиот опфат ја следи осовината на Сервисна улица 23 (според ГУП), односно осовината на Собирна улица СО2 (според ДУП)

-ЗАПАД – западната граница на планскиот опфат ја следи осовината на Сервисна улица 15 (според ГУП), односно осовината на Сервисна улица Се3 (според ДУП)

-ИСТОК – источната граница на планскиот опфат ја следи границата на наменската зона Б2- Големи трговски единици (според ГУП), односно ГП 5 (според ДУП)

-СЕВЕРОИСТОК – североисточната граница на планскиот опфат ја следи границата на градежните парцели ГП 3 и ГП 4 (според ДУП), односно зафаќа дел од наменска зона Производство, дистрибуција и сервиси (Г2-Лесна индустрија, Г3-Сервиси, Г4-Стоваришта), според ГУП

 -СЕВЕРОЗАПАД – северозападната граница на планскиот опфат ја следи границата на градежната парцела ГП 3 (според ДУП), односно зафаќа дел од наменска зона Производство, дистрибуција и сервиси (Г2-Лесна индустрија, Г3-Сервиси, Г4-Стоваришта), според ГУП.

Површината на планскиот опфат изнесува 1.05ха.

 

Јавна анкета

Јавната анкета за Нацрт- Детален урбанистички план за УЕ 7, дел од Блок 7.1 „ЈП КОМУНАЛЕЦ“, Општина Кавадарци плански период 2023 – 2028 година со тех. бр. 12/24 од Мај 2024, изработен од ДООЕЛ „ПЕРКАН ПРОЕКТ“, Прилеп година ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Кавадарци како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам и на службената веб стран на општината.

Јавната анкета ќе трае 33  (триесет и три) денови и тоа од  20.06.2024 година  до 22.07.2024 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 03.07.2024 година (Среда)  во  13:00 часот во просториите на општина Кавадарци.