Ј А В Е Н П О В И К
за организирање на Повторна јавна презентација и Повторна јавна анкета за Нацрт- Детален урбанистички за УЕ 14, Блок 14.6 и Блок 14.7 - „Силекс згради“ КО Ваташа, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци плански период 2021-2026
Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека општина Кавадарци организира Повторна јавна презентација и Повторна јавна анкета за Нацрт- Детален урбанистички за УЕ 14, Блок 14.6 и Блок 14.7 - „Силекс згради“ КО Ваташа, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.
Граници на планскиот опфат се :
на север границата на опфатот се движи по осовина на Желков дол;
на југо-запад планскиот опфат се движи по оската на улицата Страшо Пинџур;
на северо-исток границата на планскиот опфат се движи по оската на реката Луда Мара
Опфатот е со површина од 5,64 ха.
Повторна Јавна анкета
Повторната Јавна анкета за Нацрт- Детален урбанистички за УЕ 14, Блок 14.6 и Блок 14.7 - „Силекс згради“ КО Ваташа, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци, со тех. бр. 3879 од Март 2024 година ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Кавадарци како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам и на службената веб страна на општината.
Повторната Јавна анкета ќе трае 10 (десет) денови и тоа од 01.07.2024 година до 10.07.2024 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Повторна Јавна презентација
Повторната Јавна презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 04.07.2024 година во 13:00 часот во просториите на општина Кавадарци.