ЈАВЕН ПОВИК БР. 1/2024
за ангажирање на спасител(к)а, хаус- мајстор-хлоратор, чистачи на вода во ЈП “ЈАСМИН” Кавадарци на Градски базен Кавадарци за сезона 2024година.
Јавно претпријатие за стопанисување со спортски објекти “Мито Хаџивасилев Јасмин” Кавадарци, објавува јавен повик за ангажирање на спасител(к)а, хаус- мајстор, чистачи на вода на Градски базен Кавадарци за сезона 2024година. Ангажирањето е по јавно објавен повик на локален медиум, веб страната на Општина Кавадарци и на огласна табла на спортска сала Јасмин.
Јавно објавениот оглас ќе трае 3(три) дена во кои кандидатите/ките треба да ја поднесат следната документација:
1. Спасител(к)а – барање, копија од лична карта, лиценца за спасител на вода;
2. Хаус-мајстор мајстор (одржувач на хлорна, електро и водоводна инсталација, филтер станица и машинско одделение) барање, копија од лична карта;
3. Чистачи на вода – барање, копија од лична карта.
За ангажманите од точка 2 и 3 задолжително е да се наведе во барањето претходно работно исклуство кое ќе се смета за предност
Трите ангажмани на градски базен за сезоната 2024година и ќе биде со договор за извршување на автор – надворешен соработник – стручно лице за Градски базен во Кавадарци секој работен ден од 10:00 до 18:00 часот.
Надоместокот кој ќе се исплаќа на ангажираните лица изнесува:
1.Спасител(к)а дневен надомест 1.500,00 денари
2.Хаус- мајстор (одржувач на хлорна, електро и водоводна инсталација, филтер станица и машинско одделение) дневен надомест 700,00 денари
3.Чистачи на вода (2 извршители)– дневен надомест 1.200,00 денари
согласно Одлука со архивски бр. 02-65/8 31.05.2024година донесена од Управниот одбор и Програма за работа за 2024година на ЈП “ЈАСМИН” Кавадарци.
Барањата се поднесуваат во спортска сала “Јасмин” секој работен ден од Понеделник до Петок во периодот од 07:00 до 15:00часот.