СООПШТЕНИЕ За спроведување на јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13 - КО Марена

05.12.2023

СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид по

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на дел од КП 1723, КП 1725, КП 1726, КП 1727, КП 1728 КО Марена, Општина Кавадарци

 

Член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на дел од КП 1723, КП 1725, КП 1726, КП 1727, КП 1728 КО Марена, Општина Кавадарци, со  тех.бр.07/23 од октомври 2023 изработен од Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ ДООЕЛ Кавадарци.

Член 2

Просторот кој е предмет на изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на дел од КП 1723, КП 1725, КП 1726, КП 1727 и КП 1728, КО Марена, Општина Кавадарци, и во тие граници зафаќа површина од 51523м2.
 Предметниот проектен опфат зафаќа една катастарска парцела: - дел од КП 1723, КП 1725, КП 1726, КП 1727 и КП 1728, КО Марена, Општина Кавадарци; Предмет на изработка ќе биде оформување на градежнa парцелa согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање, одредување на катноста на градбата, површината за градба, компатибилните намени и сообраќајните пристапи, согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање за ваков тип на објекти. 
Пристапот до локацијата за моторни возила ќе се планира преку постоечкиот земјен пристапен пат од источната страна на проектниот опфат.

Предметната локација за изработка Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на дел од КП 1723, КП 1725, КП 1726, КП 1727 и КП 1728, КО Марена, Општина Кавадарци е опфатена во рамките на урбаниот опфат на Просторниот План на Република Македонија, според кој се изработени условите за планирање на просторот од страна на Агенцијата за планирање на просторот - Скопје, Република Македонија, со технички број Y01623 од Февруари 2023, за кои Услови е добиено Решение од Министерството за животна средина и просторно планирање со бр. УП 1-15 357/2023 од 27.02.2023 година


ЈАВЕН УВИД


На Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на дел од КП 1723, КП 1725, КП 1726, КП 1727, КП 1728 КО Марена, Општина Кавадарци, со  тех.бр.07/23 од октомври 2023 изработен од Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ ДООЕЛ Кавадарци ќе трае 15 (петнаесет) дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Кавадарци https://kavadarci.gov.mk/  и https://www.e-urbanizam.mk во  период од 06.12.2023 до 20.12.2023 година за кое време може да се достават евентуални забелешки, секој работен ден од 8.00 до 16.00 во просториите на Одделението за Урбанизам при Општина Кавадарци.