СООПШТЕНИЕ За спроведување на јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13 - Ваташа 1 КО Ваташа

05.12.2023

СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид по

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) Ваташа 1 на КП 839, КП 843, КП 844, КП 852/2 КО Ваташа, Општина Кавадарци

 

Член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) Ваташа 1 на КП 839, КП 843, КП 844, КП 852/2 КО Ваташа, Општина Кавадарци, со  тех.бр.81/23 од ноември 2023 изработен од од Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ ДООЕЛ Кавадарци.


Член 2

Просторот кој е предмет на изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) Ваташа 1, на КП 839, КП 843, КП 844, КП 852/2, КO Ваташа, Општина Кавадарци, зафаќа површина од 16578м2.
Предмет на изработка ќе биде оформување на градежнa парцелa согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање, одредување на катноста на градбата, површината за градба, компатибилните намени и сообраќајните пристапи, согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање за ваков тип на објекти. Пристапот до локацијата за моторни возила ќе се планира преку постоечкиот земјен пристапен пат од северната страна на проектниот опфат.
Предметната локација за изработка Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) Ваташа 1, на КП 839, КП 843, КП 844, КП 852/2, КO Ваташа, Општина Кавадарци е опфатена во рамките на урбаниот опфат на Просторниот План на Република Македонија, според кој се изработени Услови за планирање за просторот од Агенција за планирање на просторот Y21623 од Maj 2023 и Решение за услови за планирање од Министерство за животна средина и просторно планирање УП1-15 1102/2023 од 04.07.2023 година.

ЈАВЕН УВИД

На Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) Ваташа 1 на КП 839, КП 843, КП 844, КП 852/2 КО Ваташа, Општина Кавадарци, со  тех.бр.81/23 од ноември 2023 изработен од од Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ ДООЕЛ Кавадарци ќе трае 15 (петнаесет) дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Кавадарци https://kavadarci.gov.mk/  и https://www.e-urbanizam.mk во  период од 06.12.2023 до 20.12.2023 година за кое време може да се достават евентуални забелешки, секој работен ден од 8.00 до 16.00 во просториите на Одделението за Урбанизам при Општина Кавадарци.