01.07.2024
Се повикуваа граѓаните на Општина Кавадарци кои што имаат претрпено материјална штета од природна непогода - град, која што го зафати подрачјето на територијата на општината, на ден 27.06.2024 година истата да ја пријават во просториите на општина Кавадарци.
Пријавувањето на штетите може да се врши секој работен ден почнувајќи од 03.07.2024 година до 10.07.2024 година во периодот од 08:00 до 16:00 во Граѓански услужен центар.
Покрај барањето пријавите да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, трансакциона сметка и доказ за сопственост на имот (имотен лист или договор за закуп)