Соопштение за организирање на повторна јавна презентација и повторна јавна анкета

01.09.2023

Соопштение За организирање на Повторна Јавна Презентација и Повторна Јавна Анкета по Урбанистички план  за село Ресава, КО Ресава, Општина Кавадарци.

Граници на планскиот опфат се :

  • Најзападна е точката број 86, со координати Y=7581859,5283 и X=4583144,1991.
  • Нај северна е точката број 37, со координати Y=7582274,22 и X=4583623,02.
  • Нај источна е точката број 6, со координати Y=7582551,66 и X=4583210,75.
  • Нај јужна е точката број 109, со координати Y=7582036,46 и X=4582759,44.
  • Површината на планскиот опфат изнесува 34,62 ха.

Повторна Јавна Презентација и Повторна Јавна Анкета ќе се спроведе со излагање на Урбанистички план  за село Ресава, КО Ресава, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

Повторната Јавна анкета трае 04.09.2023 година до 11.09.2023 година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Повторната Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  11.09.2023  година во 13.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.