15.11.2023
ОБЈАВА број 03/2023 за давање во закуп
на недвижна ствар по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ – втор пат
1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е давање во закуп на недвижна ствар–објект сопственост на Општина Кавадарци, која се дава во закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.890 КО Бојанчиште во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-4475/11 од 14.07.2023 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл. Гласник на Општина Кавадарци“ бр.36/23).