Соопштение за организирање на Повторна Јавна Презентација и Повторна Јавна Анкета по Урбанистички план за село Брушани, КО Брушани, Општина Кавадарци

22.01.2024

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ" бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување на дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година, Глава III, точка 2, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Повторна Јавна Презентација и Повторна Јавна Анкета по Урбанистички план  за село Брушани, КО Брушани, Општина Кавадарци.

 

Граници на планскиот опфат се :

  • Најсеверна е точката број 1, со координати X= 4585550,36 и Y= 7580635,28;
  • Најисточна е точката број 292, со координати X= 4584567,64 и Y= 7580974,59;
  • Најјужна е точката број 235, со координати X= 4584195,870 и Y= 7580424,601;
  • Најзападна е точката број 61, со координати X=4586829,79 и Y= 7571043,52.   
  • Површината на планскиот опфат изнесува 85,23 ха.

 

Повторната Јавна Презентација и Повторната јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Урбанистички план  за село Брушани, КО Брушани, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

Повторната Јавна анкета трае од 29.01.2024 до 02.02.2024  година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Повторната Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  31.01.2024  година во 13.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.