СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид по УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ вон опфат на урбанистички план за инфраструктура со намена Е1.1 сообраќајна инфраструктура од крстосница на улица Северен Булевар М.А.Ченто со Булевар Никола Минчев кон новопланирана сервисна улица „1“, Општина Кавадарци
Член 1
Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека се организира Јавен увид по УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ вон опфат на урбанистички план за инфраструктура со намена Е1.1 сообраќајна инфраструктура од крстосница на улица Северен Булевар М.А.Ченто со Булевар Никола Минчев кон новопланирана сервисна улица „1“, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ, со тех.бр. 05-02/24 од ноември 2024 година изработен од Друштво за проектирање, инженеринг и услуги АРХИТЕКТОР ДООЕЛ Скопје.
Член 2
Површината на проектниот опфат изнесува 14138,9 m2 (1,4 ha) и делумно е внатре во плански опфат на Измена и дополнување на ГУП на град Кавадарци и населбите Ваташа и Глишиќ, Општина Кавадарци а со дел се наоѓа вон опфат на урбанистички план.
Просторот кој е предмет на изработка на Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за инфраструктура се наоѓа на северниот дел од градот Кавадарци, Општина Кавадарци. Проектниот опфат започнува од крстосницата на улица Северен Булевар М.А.Ченто со Булевар Никола Минчев, и продолжува во сервисна улица која ја обиколува ГП 1.1 согласно Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за ГП 1.1 од локална урбанистичко-планска документација – „Сопотски пат“, општина Кавадарци (Решение бр. 17-3083/3 од 20.12.2013). Предметниот проектен опфат е со намена Е1.1 – сообраќајни патни инфраструктури.
ЦЕЛИ
Целта на овој урбанистички проект вон плански опфат е обезбедување планска
документација со намена Е1.1, со што сообраќајно ќе се реши влезот во ГП 1.1 согласно Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за ГП 1.1 од Локална урбанистичко планска документација „Сопотски пат“ Општина Кавадарци (решение бр. 17- 3083/3 од 20.12.2013).
НАМЕНА
Е1.1 сообраќајна инфраструктура
ЈАВЕН УВИД
На урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за инфраструктура со намена Е1.1 сообраќајна инфраструктура од крстосница на улица Северен Булевар М.А.Ченто со Булевар Никола Минчев кон новопланирана сервисна улица „1“, Општина Кавадарци, со поединечна класа на намена Е1.1 сообраќајна инфраструктура, со тех.бр. 05-02/24 од ноември 2024 година изработен од Друштво за проектирање, инженеринг и услуги АРХИТЕКТОР ДООЕЛ Скопје ќе трае 15 (петнаесет) дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Кавадарци https://kavadarci.gov.mk и https://www.e-urbanizam.mk во период од 12.03.2025 до 26.03.2025 година за кое време може да се достават евентуални забелешки, електронски или секој работен ден од 8.00 до 16.00 во просториите на Одделението за Урбанизам при Општина Кавадарци.