ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК
Oбврзници на данок на имот се физички и правни лица кои се сопственици, корисници или плодоуживатели на имотот.
ДАНОЧНА ОСНОВА
Претставува пазарната вредност на недвижниот имот утврдена од овластен проценител според Методологија за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот пропишана од Владата на Република Македонија и Одлука на Советот на Општина Кавадарци за утврдување на висината на стапките на даноците на имот на Општина Кавадарци бр.07-687/1 од 13.03.2006 година, Одлука на Советот на Општина Кавадарци за определување на зони за утврдување на вредноста на недвижен имот и за утврдување на вредноста на градежно изградено и градежно неизградено земјиште за град Кавадарци и селата во Општина Кавадарци со бр.08-1313/1 од 28.02.2023 година, Одлука за изменување и дополнување на Одлуката на Советот на Општина Кавадарци за определување на зони за утврдување на вредноста на недвижен имот и за утврдување на вредноста на градежно изградено и градежно неизградено земјиште за град Кавадарци и селата во Општина Кавадарци бр. 08-2220/4 од 05.04.2023 година и Одлука на Советот на Општина Кавадарци за утврдување на пазарна вредност на земјоделско земјиште по катастарски општини со бр.08-1313/2 од 28.02.2023 година.
ВИСИНА НА ДАНОКОТ
Изнесува 0,10% од утврдената пазарна вредност на недвижноста.
ОСЛОБОДУВАЊА
Обврзникот на данокот на имот за едностанбен или повеќестанбен објект за домување и двор (земјиште) во кој живее има право на намалување на пресметаниот данок во висина од 50%, со доказ лична карта.
ДАНОЧНА ПРИЈАВА
Секој даночен обврзник е должен да го пријави недвижниот имот и тоа во рок од 15 дена од денот на стекнувањето на имотот или од отпочнувањето на користење на имотот.
Бесплатен образец на даночна пријава се пополнува и поднесува во Одделението за администрирање на даноци и такси. За неподенесување на даночна пријава на даночниот обврзник му се изрекува мерка глоба пропишана согласно Законот за даноци на имот.
РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОК НА ИМОТ
Се донесува секоја година за секој даночен обврзник врз основа на поднесена даночна пријава и даночната евиденција.
РОК НА ПЛАЌАЊЕ
Данокот на имот се плаќа тримесечно и пристигнува за наплата во средината на секое тромесечје или во рок од 15 дена од денот на доставувањето на решението.
ДОСТАВУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ
Решението се доставува до даночниот обврзник на последната пријавена адреса на обврзникот од даночната пријава преку пошта. Исто така постои можност решението да се доставува и на email адреса.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ за утврдување на имот:
– Потполнета даночна пријава со своерачен ракопис за пријавување на нов имот или промена во имотната сопственост (линк) и наведено лице за контакт,
– Имотен лист не постар од 6 месеци (оригинал или копија),
– Лична карта-фотокопија,
– Решение за данок на имот се издава еднаш годишно.
МЕСТО НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ:
Општината Кавадарци на I кат, Канцеларија бр.1, 2 и 3.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕСМЕТАН ДАНОК НА ИМОТ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА:
На Налог ПП-50 се врши уплата на следната жиро сметка:
Назив на примач: Трезорска сметка, буџет на Општина Кавадарци
Бр.на жиро с-ката: 100000000063095
Депонент: Народна банка
Уплатна с-ка: 840-132-02507
Приходна шифра: 713111
Програма: 00
Цел на дознаката: ДАНОК НА ИМОТ
Данокот на имот имате можност да го уплатите електронски со платежна картичка на https://edanoci.mk или скенирaјте го со мобилен QR кодот од решението за да бидете пренасочени кон порталот за наплата. |
Лица за контакт од општинска администрација:
Цветанка Ивановска
еmail: civanovska@kavadarci.gov.mk
контакт: 072 422 179.
Нада Тренчева
еmail: ntrenceva@kavadarci.gov.mk
контакт: 072 307 223.
Славица Петрова
еmail: spetrova@kavadarci.gov.mk
контакт: 071 328 527.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕСМЕТАН ДАНОК НА ИМОТ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА:
На Налог ПП-50 се врши уплата на следната жиро сметка:
Назив на примач: Трезорска сметка, буџет на Општина Кавадарци
Бр.на жиро с-ката: 100000000063095
Депонент: Народна банка
Уплатна с-ка: 840-132-02512
Приходна шифра: 713113
Програма: 00
Цел на дознаката: ДАНОК НА ИМОТ.
Лица за контакт од општинска администрација:
еmail: ntrenceva@kavadarci.gov.mk
контакт: 072 307 223.
ПОТРЕБНО ВРЕМЕ НА РАЗГЛЕДУВАЊЕ:
30 дена од денот на поднесување на барањето. Доколку барателот не е задоволен од пресметката на данокот на имот, може да поднесе приговор до Општината.
Превземи документи:
- Барање
- Приговор