ДАНОЧНА ПРИЈАВА
За преносот на правото на сопственост се поднесува даночна пријава во рок од 15 дена од денот на склучениот договор.
Образец на даночна пријава се пополнува и поднесува со уплатени административни такси во износ од 250 денари од подносителот на пријавата, а доколку се повеќе, се уплаќа по 250,00 денари за секој нареден, на сметка: 840-132-03182 и приходна шифра 722 -315 00. Aдминистративната такса за услугите на Општина Кавадарци имате можност да ја уплатите со платежна картичка преку ПОС терминалите поставени во Граѓански центар на Општина Кавадарци (приземје).
НАПОМЕНА: ДАНОЧНИТЕ ПРИЈАВИ СЕ ПОДНЕСУВААТ ЛИЧНО потполнети со своерачен ракопис со наведено лице за контакт и уплатена административна такса, или преку полномошник со уредно полномошно од странките, оригинал и фотокопија од доказ за сопственоста (имотен лист) и изводи од матична книга на родени или венчани, договори за купопродажба/дар (5/6 примероци), од кои најмалку еден ќе биде потпишан од договорните страни и во нив во посебна клаузула да биде наведено лицето кое го плаќа данокот. Даночните пријави кои не се целосни и комплетни нема да бидат примени и разгледувани. |
ДАНОЧНА ОСНОВА
Претставува пазарната вредност на недвижниот имот утврдена од овластен проценител според Методологија за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот пропишана од Владата на Република Македонија и Одлука на Советот на Општина Кавадарци за утврдување на висината на стапките на даноците на имот на Општина Кавадарци бр.07-687/1 од 13.03.2006 година, Одлука на Советот на Општина Кавадарци за определување на зони за утврдување на вредноста на недвижен имот и за утврдување на вредноста на градежно изградено и градежно неизградено земјиште за град Кавадарци и селата во Општина Кавадарци со бр.08-1313/1 од 28.02.2023 година, Одлука за изменување и дополнување на Одлуката на Советот на Општина Кавадарци за определување на зони за утврдување на вредноста на недвижен имот и за утврдување на вредноста на градежно изградено и градежно неизградено земјиште за град Кавадарци и селата во Општина Кавадарци бр. 08-2220/4 од 05.04.2023 година и Одлука на Советот на Општина Кавадарци за утврдување на пазарна вредност на земјоделско земјиште по катастарски општини со бр.08-1313/2 од 28.02.2023 година..
ДАНОЧНИ СТАПКИ
Стапката на данокот на промет изнесува 3 %.
ДОНЕСУВАЊЕ РЕШЕНИЕ
Решение за данок на промет се донесува во рок не подолг од 10 дена.
РОК НА ПЛАЌАЊЕ
Утврдениот данок на промет на недвижност се плаќа во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, а за секој ден задоцнување се плаќа дневна камата од 0,05%.
ТУЖБА
Против решението на градоначалникот на општината, со тужба, може да се поведе управен спор пред надлежниот Управен суд, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.
ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОК НА ПРОМЕТ
СПИСОК НА ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
- Потполнета даночна пријава со своерачен ракопис за утврдување на данок на промет и наведено лице за контакт,
- Договор за купопродажба (најмалку во 5 оригинал примероци) од кои еден да биде потпишан од договорните страни за потребите на општината,
- Договор за размена (најмалку во 5 оригинал примероци) од кои еден да биде потпишан од договорните страни за потребите на општината,
- Судска пресуда – најмалку 3 примероци или 1+2 копии заверени на нотар,
- Фотокопија од имотен лист од АКН (оригинален на увид и не постар од 6 месеци),
- Административни такси уплатна сметка 840-132-03182, приходна шифра 722315, програма 00, во износ од 250,00 ден,
- Геодетски елаборат доколку постои.
По поднесување на потребната документација, проценител од Општината излегува на лице место, и врши проценка по Методологија за утврдување на пазарна вредност на недвижниот имот донесена од Министерство за финансии ( Сл.Весник на РМ бр. 54/2012 и 17/2013) и Одлука на Советот на Општина Кавадарци за утврдување на висината на стапките на даноците на имот на Општина Кавадарци бр.07-687/1 од 13.03.2006 година, Одлука на Советот на Општина Кавадарци за определување на зони за утврдување на вредноста на недвижен имот и за утврдување на вредноста на градежно изградено и градежно неизградено земјиште за град Кавадарци и селата во Општина Кавадарци со бр.08-1313/1 од 28.02.2023 година, Одлука за изменување и дополнување на Одлуката на Советот на Општина Кавадарци за определување на зони за утврдување на вредноста на недвижен имот и за утврдување на вредноста на градежно изградено и градежно неизградено земјиште за град Кавадарци и селата во Општина Кавадарци бр. 08-2220/4 од 05.04.2023 година и Одлука на Советот на Општина Кавадарци за утврдување на пазарна вредност на земјоделско земјиште по катастарски општини со бр.08-1313/2 од 28.02.2023 година.
МЕСТО НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ
Општина Кавадарци на I кат, Канцеларија бр. 2.
Лица за контакт од општинска администрација:
Среќна Темелкова
еmail: stemelkova@kavadarci.gov.mk
контакт: 072 307 239.
Глигорчо Недев
еmail: gnedev@kavadarci.gov.mk
контакт: 072 422 183.
Ангелинка Миткова
еmail: amitkova@kavadarci.gov.mk
контакт: 072 307 247.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕСМЕТАН ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ И ПРАВА:
На Налог ПП-50 се врши уплата на следната жиро сметка:
Назив на примач: Трезорска сметка
Бр.на жиро с-ката: 100000000063095
Депонент: Народна банка
Уплатна с-ка: 840-132-02400
Приходна шифра: 713311
Програма: 00
Цел на доказната: ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ.
Превземи документи: