ОБВРЗНИК НА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМАРИНА е физичко и правно лице и граѓанинот кои користат определени права,предмети, услуги за чие користење е пропишано, плаќање на комунална такса, согласно член 4 од Законот за комунална такса.
КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМАРИНА СЕ ПЛАЌА ЗА:
– за деловните простории на трговските друштва односно за седиште на правното лице, комуналната такса изнесува 6.000, денари на годишно ниво,
– за деловните простории на физичките лица, трговците поединци, комуналната такса изнесува 2.000, денари на годишно ниво,
– за деловните простории на физичките лица кои данокот го плаќаат во паушален износ, комуналната такса изнесува 500,00 денари на годишно ниво,
– за секоја подружница односно продавница, киоск, деловна единица и слично комуналната такса изнесува 2.000,00 денари на годишно ниво.
ДАНОЧНА ПРИЈАВА
Обврзникот на таксата е должен да поднесе пријава до општинската администрација во рок од 15 дена од денот на настанатата обврска или врз основа на превземени податоци од Централен регистар на РСМ општинската админитрација изготвува Решенија за утврдување на висината на комуналната такса. Обврзникот на таксата кој нема да поднесе навреме пријава, ќе се задолжи освен со редовната такса и со зголемена такса од 30%.
За настанатите промени кои се однесуваат за правните лица како: промена на седиште, нови регистрирани или затворени подружници, стечај, ликвидација и сл., правното лице е должно во рок од 15 дена да го извести Одделението за администрирање со даноци и комунални такси, со прилог на тековна состојба од Централниот регистар на РМ.
ДОНЕСУВАЊЕ РЕШЕНИЕ
Решение за комунална такса за фирма/назив на деловна просторија се донесува според податоците од состојбата на 1-ви јануари секоја година за секој обврзник одделно.
РОК НА ПЛАЌАЊЕ
Комуналната такса се плаќа во рок од 30 дена од денот на доставувањето на решението, а за секој ден задоцнување се плаќа дневна камата од 0,05%.
ТУЖБА
Против решението на градоначалникот на општината, со тужба, може да се поведе управен спор пред надлежниот Управен суд, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.
МЕСТО НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ
Општина Кавадарци на I кат, Канцеларија бр. 2.
Лица за контакт од општинска администрација:
Чона Милкова
еmail: cmilkova@kavadarci.gov.mk
контакт: 072 422 182.
ПЛАЌАЊЕ НА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМА, ОДНОСНО НАЗИВ НА ДЕЛОВНА ПРОСТОРИЈА:
На Налог ПП-50 се врши уплата на следната жиро сметка:
Назив на примач: Трезорска сметка
Бр.на жиро с-ката: 100000000063095
Депонент: Народна банка
Уплатна с-ка: 840-132-03210
Приходна шифра: 717112
Програма: 00
Цел на доказната: КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМА, ОДНОСНО НАЗИВ НА ДЕЛОВНА ПРОСТОРИЈА.
КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМА, ОДНОСНО НАЗИВ НА ДЕЛОВНА ПРОСТОРИЈА имате можност да уплатите електронски со платежна картичка на https://edanoci.mk или скенирaјте го со мобилен QR кодот од решението за да бидете пренасочени кон порталот за наплата. |