Врз основа на Одлука за делегирање на надележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2023 година бр.08-7742/33 од 22.12.2022 година, член 4 од Правилникот за начинот и постапката за делегирање на надлежностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2023 година на правно лице бр.08-7742/34 од 22.12.2022 година и член 113 став 1 точка 20 од Статутот на Општина Кавадарци (Сл.гласник на Општина Кавадарци бр.08/05….75/21), Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува,
ЈАВЕН КОНКУРС
За делегирање на надлележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2023 година на правно лице
Се делегираат надлежностите за организирање и реализирање на културните манифестации предвидени во Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2023 година и тоа:
- Културно стопанска манифестација „Св.Трифун“ - 14 Февруари
- Културно лето„ Го сакам Кавадарци - Јули-Август
- Културна манифестација „Тиквешки Гроздобер 2023“ - Септември
- Нова Година „Божиќен пазар“ - Декември
Обврска на правното лице е во целост да ги организира, реализира и менаџира културните манифестации.
Висината на финансиските средства од Буџетот на Општина Кавадарци за делегирање на надлежноста е содржана во Програмата за активностите на Општина Кавадарци во областа на културата за 2023 година .
Кон пријавата правното лице треба да приложи :
- Решение за упис во Централен Регистар;
- Полн назив и адреса на субјектите кои ќе се вклучат во текот на реализирањето на активностите од делегираната надлежност;
- Детален опис на активностите, носители и рокови за реализирање на на делегираните надлежности – програма за начин и постапка за вршење на делегираната надлежност;
- Финансиска структура на активностите;
- Податоци од лицата ангажирани во реализирање на делегираните надлежности, нивна квалификациона структура и професионално искуство;
- Име презиме и контакт телефон на одговорното лице за реализација на делегираните надлежности.
Општина Кавадарци ќе склучи Договор за делегирање на надлежноста со правното лице кое што ќе биде избрано на јавниот конкурс согласно Законот за облигациони односи.
Приложените проекти мора да содржат образложение и предлог финансиска конструкција во која ќе бидат наведени средствата потребни од Буџетот на Општина Кавадарци како и средствата обезбедени од Министерството за култура, сопствени средства и други извори.
Потребните податоци како и предлог проектите со финанасиска конструкција треба да се достават задолжително на посебен формулар – Пријава која може да се подигне во електронска верзија од веб страната на Општина Кавадарци www.kavadarci.gov.mk.
Потполнетите пријави да се достават до Општина Кавадарци во рок од 15 дена по објавувањето на јавниот конкурс во средствата за јавно информирање, во архива или по пошта на адреса :Општина Кавадарци, Плоштад Маршал Тито бр.2 Кавадарци,со назнака ,,Конкурс Култура 2023“
Некомплетните и ненавремени пријави нема да бидат разгледувани.